• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Секс

Секс за време на менструација

29 март 2012, 11:01
  • cподели

Сите имаме различни ставови кога станува збор за сексот во „оној“ период од месецот. За некои жени сексот за време на менструација е табу тема, за други е нехигиенски и одбивен, за трети е забранет од религиозни причини. Но, воопшто не се малку жените кои сметаат дека сексот за време на менструација е сосема нормален и дека не треба да се лишуваат од сексуалното задоволство само затоа што настапиле „црвените“ денови од месецот. Без разлика во која група спаѓате, постојат неколку работи кои е неопходно да ги знаете.

Секс за време на менструацијаНајдобра поза за секс за време на менструација е класичната мисионерска поза

Безбеден ли е сексот за време на менструација?

Митот дека сексот за време на менструација е штетен за здравјето е одамна разбиен. Сексот во тој период од месецот не носи дополнителен ризик за здравјето ниту за вас, ниту за вашиот партнер. Менструалната крв е природна телесна течност која на никаков начин нема да го надразни пенисот на партнерот, ниту пак ќе им наштети на вашите репродуктивни органи.

Сè додека и двајцата немате сексуално пренослива болест (СПБ) или инфекција, или користите заштита, не постои причина да го избегнувате сексот за време на менструација.

Сексот без заштита во периодот на менструалното крварење не треба да се практикува со непознати партнери, поради непознавањето на нивната здравствена состојба. За време на менструација секрецијата на течности е зголемена, а заедно со неа се зголемува и веројатноста за пренесување на СПБ. Во овој период шансите да бидат предадени болести кои се пренесуваат преку крв, како ХИВ и хепатит, се многу поголеми.

Бенефиции од сексот за време на менструација

Сексот за време на менструација може да биде малку поголем предизвик, но тој носи и одредени бенефиции за жената како:

  1. Дополнителна лубрикација. За време на менструацијата влажноста на вагината е зголемена и на повеќето жени сексот им е особено пријатен, затоа што се зголемува чувствителноста и задоволството.
  2. Олеснување на менструалните болки. Кога жената доживува оргазам, во нејзиното тело се зголемува лачењето на ендорфини, што придонесува за намалување на менструалните болки, но и за подобрување на расположението.
  3. Скратување на менструалното крварење. Оргазмот предизвикува контракции на матката. Контракциите помагаат менструалната крв побрзо да го напушти телото. Па, доколку доживеете оргазам за време на менструација, не се чудете ако вашиот менструален период трае пократко.

Дали можам да забременам за време на менструација?

Да, може да зачнете, но шансите да се случи тоа се минимални. Бременост може да настапи ако времетраењето помеѓу менструалните периоди е помало од 28 дена. Кај жените кај кои периодот помеѓу две менструации е 22 дена или помалку, овулацијата може да се случи во последните денови од менструалното крварење, па незаштитениот однос во овој период може да доведе до бременост.

Друг фактор кој ги зголемува шансите за бременост за време на менструација е способноста на сперматозоидите да живеат во телото на жената неколку дена. Најчесто сперматозоидите живеат во репродуктивните органи на жената 2-3 дена, но во многу ретки случаи можат да живеат и до 7 дена. Тоа значи дека теоретски е можно сперматозоидите да почекаат да настапи овулацијата.

Совети за подобар секс за време на менструација

Многу жени го избегнуваат сексот за време на менструација поради нередот кој се прави за време на сексуалниот акт. Но, со помош на следниве совети лесно ќе заборавите на нередот и ќе уживате во сексуалниот чин:

  1. Осигурете се дека и вие и вашиот партнер немате проблем со идејата „секс за време на менструација“. Ниту вие, ниту вашиот партнер не треба да се чувствувате принудени кога ќе одлучите да имате секс во „црвените“ денови од циклусот. Не сите мажи се позитивно настроени кон менструалната крв и не сите жени се расположени за секс за време на менструацијата. Пред да стапите во акција, поразговарајте за да се уверите дека и двајцата сте на иста фреквенција.
  2. Избегнувајте ги првите 2-3 дена од менструалниот циклус. Подобро е да го прескокнете сексот во текот на деновите кога имате обилно крварење, затоа што тоа може да придонесе да се чувствувате непријатно, а и ја зголемува веројатноста да направите неред.
  3. Изберете ја мисионерската поза. Најпрепорачлива секс поза за овој период е мисионерската (позата во која жената лежи, а мажот е одгоре). Оваа поза го минимизира течењето на менструална крв, па ќе ги избегнете грижите околу нередот.
  4. Ставете под вас темна крпа или темни чаршафи. Доколку под вас ставите темна крпа, дури и да истечат неколку капки тие нема да бидат видливи за да ви го одвлекуваат вниманието.
  5. Користете кондом. Така не само што ќе избегнете пренесување на СПБ или настапувањето на несакана бременост, туку и вашиот партнер ќе се чувствува подобро, затоа што нема да дојде во директен контакт со вашата крв.
  6. Имајте влажни марамчиња на дофат. За да не направите дополнителен неред на патот до тоалетната, чувајте до вас влажни марамчиња за брза интервенција.
  7. Размислете за секс под туш. Најдобро место за секс во овој период од месецот е под тушот, поради можноста да го избегнете оставањето на видливи траги зад вас.
Tags
секс
менструација

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.