• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Секоја кутија што ќе ја испратам ми носи радост“: Мајка донираше 425 литри мајчино млеко за бебенца родени предвреме

9 февруари 2021, 10:50
  • cподели

Мајчиното млеко е добро за сите бебиња, но е особено корисно за предвреме родените деца. Најчесто, тие имаат зголемени нутритивни потреби кои понекогаш не можат да бидат задоволени само со млекото на мајката.

Токму поради тоа, Тејлор Меј добива силни аплаузи за нејзината хуманост. 26-годишната мајка од Мичиген досега има донирано 425 литри мајчино млеко за предвреме родени бебиња и вели дека тоа ѝ носи огромна радост. Меј продолжува со својата мисија и се залага за нормализирање на споделувањето на мајчино млеко.

Тејлор Меј

Тејлор започнала да складира млеко веднаш по раѓањето на нејзиното прво дете, синот Илај. Бидејќи сметала дека мора да се измолзува истовремено со доењето на синчето, таа развила хиперлактација и нејзиното тело создавало повеќе млеко отколку што му било потребно на нејзиното бебенце. Фрижидерите во домот на Меј брзо се наполниле со кеси мајчино млеко, но таа немала претстава дека може да го донира истото.

Тејлор Меј Тејлор Меј Тејлор Меј

Откако споделила фотографија на Snapshat од складираното „течно злато“ (како што честопати се нарекува мајчиното млеко), таа била контактирана од нејзината свадбена фотографка со молба за донирање на дел од млекото.

Таа имаше пријателка која тукушто посвои женско бебенце и бараше донор на млеко. Не знаев што ќе правам со млекото што го имав складирано, но исто така немав претстава дека некоја друга мајка би го сакала за своето дете.

Се сретнав со мајката и го слушнав нејзиното искуство со посвојувањето. Ми кажа колку благословено се чувствува што добива мајчино млеко и тоа ми го усреќи срцето. Тоа беше среќа којашто не сум ја почувствувала претходно. Тоа беше моментот кога знаев дека ова ќе биде огромен дел од мојот живот. Имав можност да го хранам тоа мало девојче додека не наполни една година. Неверојатно беше чувството што знаев дека со нешто што моето тело го создало можев да хранам и да помогнам да расте друго човечко суштество кое не е мое!

Тејлор Меј Тејлор Меј Тејлор Меј

По ова искуство, Меј се вклучила во онлајн групи каде мајките барале мајчино млеко за нивните деца и започнала да им испраќа. Но, откако дознала дека постојат банки за мајчино млеко за предвреме родени бебиња, нејзиниот фокус се насочил во тој правец.

Кратка пауза направила по раѓањето на нејзината ќерка Сјутон во август 2020 година, но откако бебето малку потпораснало, инспиративната доилка се вратила на својата мисија.

Во моментов, Тејлор донира во банка за млеко која им помага на бебиња родени со телесна тежина под 1,3 килограм. Секој ден, таа испумпува меѓу 1,7 и 2,4 литри во три сесии.

Мојата хиперлактација е огромен благослов и секоја испратена кутија ми носи екстремна радост. Ми се допаѓа тоа што знам дека на некаков начин, им помагам на другите мајки да не се грижат од каде ќе дојде следниот оброк за бебето. Бидејќи, како мајки, не треба да се грижиме за ништо друго.

Тејлор Меј Тејлор Меј Тејлор Меј
Tags
мајчино млеко
доење

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.