Сопственици на ресторан од Чачак му приредија несекојдневно изненадување на својот долгогодишен вработен Маринко. Тие му подарија целосно нов автомобил, како знак на благодарност за неговата посветеност и труд.
Видеото од моментот на доделувањето на подарокот, објавено на TikTok, за кратко време стана вирално и досега собра повеќе од 1,4 милиони прегледи.
Изненадувањето се случило на 28 јули, за време на отворањето на новиот дел од ресторанот.
Во видеото, Маринко излегува од локалот локалот додека се слуша аплауз од присутните, а пред ресторанот го чека ќерката на сопственикот, која му ги предава клучевите од автомобилот.
„Ова е подарок од нашето семејство за целиот труд, љубов и сè што вложи овде. Знам колку даде за ова место. Немам доволно зборови со кои би можела да ти се заблагодарам за сè. Овие клучеви се твои и автомобилот е твој“ – му вели таа.
Маринко не успеа да ги сокрие емоциите. Со солзи во очите го прифати подарокот, а неговата реакција беше проследена со громогласен аплауз од присутните.
Според личноста која го објави видеото, сопственикот на ресторанот, Славко, воопшто немал намера овој гест да стане тема на социјалните мрежи, ниту, пак, сакал да го користи за промоција. Сепак, еден од присутните го снимил и го објавил моментот на TikTok, по што видеото со неверојатна брзина се проширило низ интернетот.