• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Секоја чест: Медицински лица херојски ги штитеа новороденчињата за време на разорниот земјотрес во Колумбија

11 август 2026, 14:27
  • cподели

Во моментот кога силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 ја потресе Колумбија, болниците и клиниките во погодените подрачја мораа итно да бидат евакуирани. 

Додека владееше страв и неизвесност, медицинските сестри и лекарите не мислеа на себе, нивниот прв приоритет беа најранливите пациенти, новороденчињата.

Во Универзитетската болница „Ваље“ во Кали, медицинските сестри ги изнесоа бебињата од зградата и продолжија да се грижат за нив на улица. Тие останаа покрај нив и во хаосот по земјотресот, обезбедувајќи им сигурност додека траеше евакуацијата.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by El Diario Nueva York (@eldiariony)

Слична сцена беше забележана и во клиника во Апартадо. Педијатарот Герман Андрес Сомојар, кој беше на смена во одделот за педијатрија, ги зеде новороденчињата во раце, ги завитка во ќебиња и ги изнесе од клиниката. 

Фотографиите од утрото го покажуваат како стои на паркингот со две мали бебиња во прегратките, додека околу него се медицинскиот персонал и исплашените мајки.

„Децата секогаш се мој приоритет“ – раскажал докторот, кој покрај грижата за најмалите пациенти им помогнал и на две мајки кои од страв не можеле да се помрднат.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Carlos Moreno (@carlosmorenoreporta)

Токму овие сцени од улиците пред болниците станаа едни од најемотивните по земјотресот. Додека зградите се тресеа, а пациентите беа изнесувани на безбедно, медицинските работници останаа на своите позиции.

Без инкубатори, болнички кревети и сигурноста на болничките ѕидови, тие продолжија да ги штитат оние кои сами не можат да се заштитат.

Tags
земјотрес во Колумбија

Најнови

  • Каролина Гочева

    „Биди причината што нечие срце продолжува да чука“: Каролина Гочева со силна порака за органодарителството

    Tue, 08/11/2026 - 15:30
  • Браќа Манаки 2026

    „Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“

    Tue, 08/11/2026 - 15:01
  • Секоја чест: Медицински лица херојски ги штитеа новороденчињата за време на разорниот земјотрес во Колумбија

    Tue, 08/11/2026 - 14:27
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.