• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Секоја чест: Мајка од Македонија му подари бубрег на детето со ретка болест

28 октомври 2026, 08:41
  • cподели

Родителот ќе направи сè за да го види детето здраво и среќно.

Мајка од Македонија му донираше бубрег и му даде шанса за нов живот на своето дете кое има Алпортов синдром. Операцијата успешно била реализирана на Универзитетската клиника за урологија, а веста ја сподели министерот за здравство Сашо Клековски.

Трансплантацијата е една од трите трансплантации на бубрег кои неодамна биле изведени во земјава. Двајца пациенти добиле бубрег од починат дарител, додека третиот орган бил дониран од жив дарител, мајка која му подарила дел од себе на своето дете.

„Ви благодарам што дел од себе му подаривте на својот најблизок“ – напиша Клековски, упатувајќи благодарност до живиот дарител, но и до семејството на починатиот дарител кое во најтешкиот момент донело одлука да спаси животи.

Министерот ги посети пациентите на Универзитетската клиника за урологија, а на пациентите им посака брзо закрепнување и долг, квалитетен живот без дијализа.

Со последните три трансплантации, во Македонија годинава се изведени вкупно 15 трансплантации на бубрег.

До крајот на годината се планирани уште три трансплантации од жив дарител.

Клековски упати благодарност и до медицинските тимови – хирурзите, анестезиолозите, нефролозите и медицинските сестри кои учествувале во операциите, како и до сите кои ја координирале постапката за дарување органи.

„Дарувањето органи спасува животи. Еден починат дарител може да им помогне на повеќе пациенти. Многу наши сограѓани сè уште чекаат на листата за трансплантација“ – порача министерот.

Алпортовиот синдром е ретка наследна болест која ги зафаќа бубрезите, а може да предизвика и проблеми со слухот и видот. Кај дел од пациентите болеста постепено доведува до сериозно оштетување на бубрежната функција, поради што трансплантацијата може да биде животоспасувачка.

Tags
трансплантација на бубрег

Најнови

  • Инфузии, болнички соби и тивки молитви: Мајка сподели важна порака по тешкото искуство на 11-месечното синче со варичела

    Wed, 10/28/2026 - 09:55
  • ВИДЕО: Едина Муса си ја скрати косата и ја покажа новата фризура

    Wed, 10/28/2026 - 09:17
  • Секоја чест: Мајка од Македонија му подари бубрег на детето со ретка болест

    Wed, 10/28/2026 - 08:41
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.