• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Секој ден ги слушам најблиските, а не можам да ги допрам“: Марија од Америка со емотивно видео за иселениците

25 септември 2026, 14:14
  • cподели

Марија Главчева со емотивно видео допира до сите оние кои се иселиле од нашата земја во потрага по „подобар живот“.

Креаторката на подкастот „Марија во Америка“, која долги години живее во САД, сподели што значи одделувањето од домот во Македонија за иселениците. 

Новинарката, родена во Гевгелија, сподели видео со кадри од двете земји, како и од патување со авион и напиша: 

Тука сум имигрант, во родната земја сум „онаа што замина“.

Тука ми го грешат името и изговараат погрешно, во родниот крај ми велат сум се променила,
времето го проверувам и за ваму и за таму.

Секој ден ги слушам најблиските, а не можам да ги допрам.

Родителите ни стареат.

Се збогуваме со „Се гледаме за брзо“, а не знаеме кога ќе биде тоа.

Со телото и душата го освојуваме светот, а душата ни е назад.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Marija Glavcheva (@marija_vo_amerika)

Летово Марија со семејството престојуваше во нашата земја, а откако замина во Чикаго сподели дека не престанува со напорната работа за подкастот во кој ги интервјуира Македонците со успешни приказни во Америка.

Летово си дојдов во Македонија за да нели уживам во летото и сите негови плодови, но работата не смееше да трпи. Затоа ги снимав Македонците и нивните приказни кои живееле во Америка но се вратиле во родниот крај, во Македонија. Раскажав многу приказни, имав неверојатни соговорници чии што судбини може да ги гледате на каналот исто. Многу луѓе не снимав, многу животи останаа недораскажани, но дојде време да си летнам назад во Америка. Распустот заврши, ѕвончето за крај заѕвони. Ииии, еве сум назад во студиото во близина на Чикаго каде што продолжувам со она што најмногу го сакам, а тоа е да ги снимам Македонците во Америка, да Ви ги доловам нивните судбини, низ што поминале за да бидат она што се денес. 

И да, ќе има многу солзи, емоции и забрзан пулс затоа што секој си знае зошто дошол во туѓина, која никако не е лесна – напиша таа.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Marija Glavcheva (@marija_vo_amerika)

Tags
Марија Главчева

Најнови

  • Дејвид Гета со слатки фотографии и порака на 19-тиот роденден на ќерката Енџи две недели по концертот во Македонија

    Fri, 09/25/2026 - 14:53
  • „Секој ден ги слушам најблиските, а не можам да ги допрам“: Марија од Америка со емотивно видео за иселениците

    Fri, 09/25/2026 - 14:14
  • Копија на мама: 18-годишната ќерка на Мила Јовович во романтична креација во Венеција

    Fri, 09/25/2026 - 13:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.