• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Секој ден е мала победа за нас“: Весна Петрушевска ѝ го честиташе роденденот на ќерката Мина

11 ноември 2026, 23:45
  • cподели

Весна Петрушевска славеше за ќерката Мина.

Македонската водителка и актерка го одбележа 22-риот роденден на ќерката Мина и ѝ го честиташе со специјална порака.

По период исполнет со предизвици, тие денес уживаат во посмирени и посреќни денови, а Весна откри дека заедно поминале низ голема промена, ослабнале по 17 килограми и продолжуваат кон посакуваната цел. Во објавата таа сподели и колку многу научиле од битките кои ги водат, потсетувајќи дека секој ден носи своја мала победа.

„Мина денес наполни 22 години🩷После долго време дишеме длабоко, смирено и среќно. Среќата е циција понекогаш🦋 Сретнавме еден ангел по пат кој буквално нè среди и патем ослабевме и двете по 17 килограми и тераме уште до посакуваната цел.

Секоја битка има своја боја и тон. Нашата трае постојано и знаеме дека секој ден е мала победа за нас.

Инаку ова ни е една од омилените песни која ја слушаме на најјако.

Кога некој ќе ми каже како има проблем, се извинувам ама превртувам со очи😂❤️🙌“ - стои во пораката.

Петрушевска сподели и фотографии со Мина.

Весна отворено има споделено дека поради ендометриоза не можела да забремени, а дека од мала знаела дека ќе посвои две деца. Таа желба ѝ се оствари по посвојувањето на Мина и Кирил.

Во 2015 година, Петрушевска во својот дом ја згрижи и Моника, која ја нарекува „третото дете“.

Tags
Весна Петрушевска

Најнови

  • „Секој ден е мала победа за нас“: Весна Петрушевска ѝ го честиташе роденденот на ќерката Мина

    Wed, 11/11/2026 - 23:45
  • Бел стајлинг и „Ако згрешам, нека изгорам“: Македонката Габриела Ристовска одушеви на „Ѕвездите на Гранд“

    Wed, 11/11/2026 - 22:45
  • Неверојатно спасување: Бебе пронајдено живо 24 часа откако било закопано под земја во кафез за куче, таткото е осомничен

    Wed, 11/11/2026 - 19:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.