• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Секогаш ќе бидеш нашата Мала Тати“: Џокси емотивен по посетата на ќерката во Јапонија, ги трогна сите родители на иселеници

2 јули 2025, 07:18
  • cподели

Ѓорѓе Васиќ напиша емотивен текст за ќерката која живее далеку од него, а во кој ќе се пронајдат сите родители чии деца заминале во странство.

Македонскиот пејач, кој е познат како Џина Папас Џокси, изминативе месеци со сопругата беше во посета на Јапонија, каде што студира и живее нивната ќерка Евгенија.

Прочитајте го:

Наша сакана ќерко!

Мислам дека ги делиме истите чувства со оние родители чии деца се заминати од своите огништа.

Не знам од каде да почнам, затоа што зборовите не можат целосно да ја опишат љубовта што ја чувствуваме кон тебе. Секој ден со тебе е дар, а твоето присуство во нашиот живот е најголемото богатство што можеме да го поседуваме.

Деновиве со мајка ти сме на седмо небо, и ти го чувствуваш тоа, ја приметуваш промената во нас, ведри, насмеани... неочекувано за тебе затоа што имаше страв дали ќе ни се допадне твојот избор на работа, животот, храната, но ти си се снашла баш онака како што си замислила. Тоа е она во што сакавме да се увериме и тоа по 8 долги години. Е сега сме малку помирни и спокојни.

Ако ти кажеме дека во нашиот свет дојде како зрак светлина, неочекувано, но прекрасно, нема да ни поверуваш. Од првиот миг кога те прегрнавме, и она „матенце, матенце“ знаев дека ништо повеќе нема да биде исто. Нашиот живот се промени засекогаш – затоа што, ти си нашата насмевка, нашата среќа и сила. Кога си тука, срцето ни е полно, кога те гледаме, светот ни е поубав.

Ти созреваше, а ние не можевме да гледаме како се развиваш, како стануваш свој човек. Далеку. Многу далеку. А толку си силна, самостојна и преполна со љубов во твојата растечка моќ да бидеш своја. Секоја твоја победа ни дава радост, а секоја твоја болка ни е како да ја чувствуваме во себе.

Ти ни ја даваш силата да веруваме во сè што е добро. Кога плачеш, срцето ни се кине, но кога се смееш, цел свет ни се осветлува. Ти си нашата светлина, нашиот пат, нашата инспирација и радост.

Било да си тука или не, ти секогаш ќе бидеш дел од нас. Без оглед на тоа колку ќе се надградуваш и колку далеку ќе одиш, секогаш ќе бидеш нашата Мала Тати, и нашата љубов за тебе никогаш нема да избледи. Ќе бидеме тука, за тебе, безусловно и засекогаш.

Ти си нашиот најголем подарок, и во нашите срца нема ништо поскапоцено од тебе. И секогаш имај на ум: без разлика што ќе ти донесе животот, ти си ценета, сакана и прекрасна – и остани таква каква што си.

Со овој престој во твојот дом, ти само ни го продолжи животот.

Те сакаме повеќе отколку што зборовите можат да кажат.

Твоите Тати и Мами.

Џокси Џокси

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.