• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Секое дете заслужува да расте со љубов

4 октомври 2023, 13:57
  • cподели

НЕПТУН Хуманитарна кампања за СОС Детско село „Заокружи сметка”

Пред две години Нептун Македонија заедно со своите вработени одлучија да направат импакт во заедницата во областа на поддршка на ранливите категории – децата без родителска грижа и тоа преку поддршка на работата на СОС Детско село.

НЕПТУН

„Во овој период реализиравме многу активности, читавме онлајн приказни на децата, садевме дрва, кречевме куќи кај младиниците, нашите вработени држеа обуки на младите за зајакнување на нивната вработливост и меѓудругото станавме КУМОВИ на една куќа. Како заокружување на годината одлучивме по втор пат да ја активираме кампањата ‘Заокружи сметка’ која стартува на 1 октомври и ќе трае до 31 декември оваа година“ – велат од Нептун.

Преку оваа акција се овозможува на потрошувачите да донираат едноставно и да придонесат за квалитетни услови за грижа на децата во СОС Детското село. Со едноставно заокружување на сметката при кое било купување во Нептун, потрошувачите може да донираат износ по свој избор во рамки на можностите.

„Им благодариме на Нептун кои ја препознаа важноста на поддршката за децата од СОС Детското село да растат во топол дом, опкружени со родителска љубов и грижа. Ова е нивна втора донаторска иницијатива во рамки на нашето стратешко партнерство и ние сме навистина благодарни за сите активни напори во насока на обезбедување подобро разбирање на потребите на овие деца“ - изјави Силвија Брајовиќ од СОС Детско село.

Истовремено по повод одбележување на 1 година КУМСТВО, тимот на Нептун на 29.9.2023 се дружеше со Кумската куќа во во Зоолошката градина во Скопје, а забавата продолжи во службените простории на Нептун, од каде и децата, но и вработените си заминаа со полни срца и широки насмевки.

НЕПТУН НЕПТУН

„Сите наши потрошувачи може да дадат придонес во оваа голема хуманитарна акција со едноставно заокружување на сметката до износот што го сакаат, на секое пазарување реализирано во Нептун до крајот на годината. Веруваме дека заедно со нашите потрошувачи ќе им помогнеме на децата од СОС Детското село слободно да ги развиваат своите капацитети и да станат успешни млади луѓе што активно ќе придонесуваат во општеството“ - изјави Александра Тасевска, Координатор за корпоративен маркетинг во Нептун.

Нептун преку Хуманитарната акција „Заокружи сметка“ сака да ги зајакне капацитетите и потенцијалите на згрижувачите, но и на децата во СОС Детско село, демонстрирајќи активен напор во креирање на подобри можности за нив, но и со верба дека ќе мобилизира и други компании во намерата за поттикнување на позитивни општествени промени.

НЕПТУН

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.