• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Сега е повторно со нашиот ангел“: Внукот на Тоше Проески со емотивни фотографии се збогува со својот дедо

9 мај 2024, 10:34
  • cподели

Пред една недела, почина Никола Проески – таткото на непреболениот Тоше Проески.

Нивниот внук, Кристијан Ристески, со емотивна објава се збогуваше со својот дедо. Талентираното момче објави фотографии со покојниот Никола и во описот напиша само: „Папу“.

„Сега е повторно со нашиот ангел“, „Тодор го чека со раширени раце“ и „Нека почива во мир и спокој неговата душа, сега пак ќе е со својот ангел Тоше“ – се дел од коментарите.

На три од старите фотографии е и Тоше.

Кристијан Ристески со Проески Кристијан Ристески со Проески Кристијан Ристески со Проески Кристијан Ристески со Проески Кристијан Ристески со Проески Кристијан Ристески со Проески

Кристијан е дете на сестрата на Тоше – Дора. Тој заедно со Тоше ја испеа „My Little One“. Љубовта кон музиката Кристијан несомнено ја наследи од нашата ѕвезда со ангелски глас.

Пред неколку години, Кристијан имаше изјавено: „Вујче Тоше ме зарази со музика“, па своето образование тој го продолжи на Универзитетот за аудиовизуелни уметности во Скопје, на отсек интерпретација на популарна музика и музичка продукција.

Кристијан Ристески со Проески Кристијан Ристески со Проески Кристијан Ристески со Проески Кристијан Ристески со Проески

Најнови

  • Страсти и нежности: Тазе венчаните Дуа Липа и Калум Тарнер на романтичен меден месец во Италија

    Tue, 06/16/2026 - 22:10
  • „Мислев дека оди по медал, не знаев дека јас ќе бидам неговата победа“: Викторија за предлогот за брак од саканиот Дејан покрај Бледското езеро

    Tue, 06/16/2026 - 21:00
  • Реплек

    По пробивот на британскиот пазар, Реплек ги претстави своите капацитети и развојни планови пред амбасадорот Метју Лосон

    Tue, 06/16/2026 - 18:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.