• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Се сопнав и паднав, врескав за помош“: Новак Ѓоковиќ се отвори за бомбардирањето на Србија

21 август 2026, 10:59
  • cподели

Новак Ѓоковиќ се отвори за трауматичните моменти од детството, кога на 12-годишна возраст го преживеал бомбардирањето на Белград во 1999 година. 

Во новиот документарец „Novak Djokovic: The Wolf in Winter“, тенискиот ас раскажа за ноќта која засекогаш му останала во сеќавањето.

За време на една од првите вечери од бомбардирањето, зградата во која живеело неговото семејство немала засолниште, па морале да трчаат до соседната зграда.

„Трчавме кон другата зграда. Тоа беше ужасна глетка, бидејќи беше два-три часот по полноќ. Беше темно. Гледавме луѓе како трчаат наоколу во паника.
Не знаеја каде да одат, само се обидуваа да си ги спасат животите.“

„Се сопнав и паднав. Го видов моето семејство како трча 10-15 метри пред мене. Почнав да викам: ‘Помош, помош, но не ме слушнаа и продолжија да трчаат“.

„Се свртив и погледнав кон нашата зграда. Видов авион како фрла две бомби врз болница во близина. Стоев така на дождот и во темнината...“ – се присетил Ѓоковиќ.

И брат му Марко раскажа како семејството навечер се собирало во еден агол од домот и се молело ништо да не се случи.

Зборувајќи за бомбардирањето, Марко, рече:

„На почетокот, тоа беше хорор. Кога сте мало дете, не можете ни да замислите дека нешто такво може да се случи. Навечер едноставно се криевме во малиот дом во кој живеевме. Сите заедно, во еден агол и само се молевме ништо да не се случи.“

И покрај стравот и неизвесноста, тенисот за Ѓоковиќ станал начин да избега од суровата реалност. Подоцна, уште како тинејџер, заминал во Германија за да тренира и да го продолжи својот тениски пат.

Татко му морал да позајмува пари и од криминалци за да ги финансира неговите тренинзи.

„Економски беше навистина тешко да се задоволат финансиските потреби на семејството. А тенисот е веројатно еден од најскапите спортови кои можете да ги изберете. Цела земја се бореше со економски проблеми. Луѓето буквално бараа засолниште и се обидуваа да си ги спасат животите, а не размислуваа за тенис или за што било друго“.

„Поголемиот дел од времето позајмувавме пари од многу погрешни луѓе, за жал, луѓе кои беа криминалци. Сите резерви кои ги имавме татко ми ги даваше за да го враќа долгот“ – раскажал Ѓоковиќ.

Успешниот спортист се присетил и на моментот кога неговиот татко ги собрал него и неговите браќа и им кажал колку пари им останале.

„Татко ми сметаше дека сум доволно зрел за да преземам дел од тежината и одговорностите коишто ги носеше. Нè седна сите заедно, извади 10 германски марки и ни рече: ‘Ова е сè што имаме’.“

„Ќе направам сè што можам за да го живееш својот сон. Но, барам една работа од тебе. Мора да бидеш 100% посветен. Ако видам дека не си, сè завршува“ – се присети Ѓоковиќ на зборовите на својот татко.

Токму поради сето она што го поминал, Ноле вели дека бил принуден многу рано да порасне.

„Морав да станам посериозен, построг, постабилен, повеќе маж отколку момче. На 13 години морав да бидам нешто како родител. Веќе не можев да ги покажувам своите чувства. А сепак, бев само дете“ – раскажа тој.

Говорејќи за она што го движи на теренот, тој го издвојува зборот „инает“.

„Кога луѓето се сомневаат во вас, кога сите се против вас, тогаш го користите тој инает, таа сила на тврдоглавост за да им докажете на сите дека грешат. Тој инает е всушност многу присутен во менталитетот на српскиот народ“ – рекол тој.

Ѓоковиќ признава дека токму таквата енергија често ја користи и во тенисот.

„Ако публиката започне да биде против мене, јас го користам тоа за да го разбудам во себе тој борец. Тоа се вика инает“ – вели Ноле.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Prime Video (@primevideo)

Tags
Новак Ѓоковиќ
Марко Ѓоковиќ

Најнови

  • „Се сопнав и паднав, врескав за помош“: Новак Ѓоковиќ се отвори за бомбардирањето на Србија

    Fri, 08/21/2026 - 10:59
  • Лудории во базен: Згодната Дилета Леота и фудбалерот Лорис Кариус со двете деца на роденденот на ќеркичката

    Fri, 08/21/2026 - 09:17
  • Смело или смешно? Сите гледаа во стапалата на Маргарет Кволи, „босоногите“ сандали станаа хит и поттикнаа шеги онлајн

    Fri, 08/21/2026 - 09:06
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.