• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Се подготвува „Е-бонтон“ прирачник за убаво однесување онлајн

6 декември 2012, 15:11
  • cподели
  • Ќе се креира „е-Бонтон” прирачник за електронска комуникација, во чија подготовка можат да се вклучат сите граѓани кои се активни во дигиталнoтo општество.
  • „е-Бонтон” прирачникот се очекува да биде збирка на правила за етичко однесување и комуницирање при електронска комуникација.
  • До средината на јануари 2013 година на веб страницата www.ebonton.mk и преку Фејсбук фан страницата „Е-Бонтон“ ќе може да се испраќаат предлози за креирање на прирачникот.

Фондацијата „е-Македонија“ започнува со реализација на проектот „е-Бонтон”, со цел создавање на правила за убаво однесување во е-комуникацијата и подигнување на јавната свест за начинот на кој луѓето комуницираат преку социјалните мрежи.

Станува збор за креирање на „е-Бонтон” прирачник за електронска комуникација, во чија подготовка можат да се вклучат сите граѓани кои се активни во дигиталната комуникација. „е-Бонтон” прирачникот се очекува да биде збирка на правила за етичко однесување и комуницирање при електронска комуникација од секаков вид, кои што ќе ја подобрат комуникацијата и меѓусебното разбирање меѓу луѓето.

е-бонтон е-бонтон

„Како лидери на интернет пазарот во земјава и како компанија која што со своите висококвалитетни услуги придонесе за развој на информатичкото општество, проценивме дека е време нашата мисија да ја издигнеме на едно ниво погоре. Впрочем, „е-Бонтон“ проектот се однесува токму на тоа. Целта на проектот е да ги поставиме основите на доброто однесување во виртуелниот простор и да дефинираме култура на однесување“ – изјави Даниел Сас, претседател на Фондацијата „е-Македонија“.

„Главната цел на креирањето на овој прирачник е да се постави структура односно платформа на која ќе се доградува целата електронска комуникација. Неопходно е да се вклучат што поголем број на граѓани кои секојдневно се вклучени во интернет комуникацијата, разговараат и ги споделуваат своите најважни моменти преку социјалните мрежи, и кои знаат што е добро при таквиот начин на комуникација и што треба да се промени со цел да се подобри електронското општење. Благодарение на нивните лични искуства, совети и предлози Фондацијата ќе го креира првиот прирачник од ваков вид во Македонија“ – изјави Радмила Јончевска, директор на Фондацијата „е-Македонија“.

е-бонтон

Фондацијата креираше веб страница www.ebonton.mk и Фејсбук фан страница „Е-Бонтон“ која е отворена за сите што сакаат да споделат мислења за да се креира прирачникот. Предлозите ќе можат да се испраќаат на наведените страници до средината на јануари 2013 година.

Проектот „е-Бонтон“ е поддржан и од невладината организација Метаморфозис, Младинскиот отворен форум и Високата школа за новинарство и односи со јавност.

Фондацијата „е-Македонија“ Скопје е основана во 2004 година со Одлука на Одборот на директори на Македонски Телеком АД – Скопје како Основач, а во чест на имплементација на идејата на починатиот Претседател на Република Македонија, г-дин Борис Трајковски, со цел ширење и поддршка на придобивките од информатичко општество и унапредување на знаењето.

Визијата на Фондацијата е создавање на инклузивно дигитално општество каде што секој може да го истражува потенцијалот и придобивките на новите технологии, слободно да пристапува и споделува информации и услуги како и поефективно да учествува во заедницата. За таа цел, Фондацијата “е-Македонија” ќе обезбедува финансиски инвестиции за инцијативи кои што можат да помогнат во решавањето на проблемот со дигиталната поделба и ќе формулира стратегии за промовирање на користењето и придобивките од ИКТ.

Tags
ебонтон
бонтон

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.