• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Се осеќам како животно во зоолошка“: Македонскиот јутјубер GP сподели дека нема да снима повеќе видеа за YouTube

7 февруари 2022, 13:14
  • cподели

Марко Марковиќ, познат како GP, објави дека повеќе нема да снима видеа за YouTube.

Младиот дечко од Скопје одлучи да се фокусира на кариерата како програмер и да се дистанцира од јавната сцена.

Марко посочи дека чувствувал преголем притисок бидејќи не можел да престигнува истовремено да создава квалитетни видеа и да биде посветен на студиите на ФИНКИ.

„На 31 декември се разбудив со плачење“ – вели тој на почетокот на видеото. „Си ја зафрквав Нова година, толку ја чекав. Единствената трошка надеж и среќа во ова проклето време со корона. Си ја зафркнав Новата година зашто целото ова време, сите овие години јас сфатив дека живеам за туѓа среќа. Мене ме исполнува тоа што фановите за коишто снимам ги правам среќни, но прашајте ја мајка ми дома, или татко ми. Вие не ме ни знаете во светлото во кое сум дома, колку се нервирам и колку е стресно, колку време ми одземало снимањето. Вие не знаете колку несреќен сум бил на сметка на видеата што јас сум ги правел. И на Нова година ме удри тоа повеќе од било кога. Јас станувам плачејќи дека немам ни почнато со едитирање на новогодишното видео. Не може јас таква тортура психичлка да си правам. Нема да навлегувам. Знам каква етикета ќе добијам ако случајно ако нешто зборуваш ментално. Знам дека по овој чекор ќе почнам да се враќам во нормала. Но, дека YouTube ме поремети со целиот стрес временски и од публика. Многу лошо ми влијаеше“ – признава GP.

GP

Преку YouTube, Марко постојано се зближувал со погрешни личности. Тој изјави на јутјуб сцената има многу љубоморни и алчни личности и призна дека снимањето видеа го оддалечило од вистинските другари.

Со текот на годините, започнало да му смета и фотографирањето во јавност. Постојано бил застануван од фанови кои сакале да се сликаат со него, без разлика дали јадел или бил со девојката.

„Се осеќам како животно во зоолошка кога ќе излезам надвор што секогаш мора да е спремно за слика. Некогаш сум излегол до продавница несреден. Не знаете колку лошо тоа влијае на анксионоста. Цело време гледаш некој да не сака да се слика. Не смеам да одбијам, морам да се сликам. Порано да не ме познаат за да избегнам слика. Еднаш во ВЦ ме застанаа да се сликаме. Кај и да си. Многу е дехуманизирачко. Како што вие сте луѓе, и сакате некогаш да не ве замара никој, така и јас сум човек.“

„Децата сега плачат, затоа што одби да се сликаш“ – ваков коментар добил од некоја жена, бидејќи им рекол да причекаат за фотографирање.

Погледнете го целото видео:

Tags
GP
Марко Марковиќ
YouTube

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.