Шармантна дама: Јелена Ѓоковиќ во креација од 4.800 евра од Диор покрај Ноле на премиерата на неговиот филм во Котор
Новак Ѓоковиќ периодов активно го промовира својот документарен филм „Novak Djokovic: The Wolf in Winter“.
На премиерата во Котор, тенискиот ас беше придружуван од сопругата Јелена, која изгледаше занесно во цветен фустан.
Женствената креација во која шармираше убавата Србинка е дело на модниот бренд Диор и чини 4.800 евра.
На фотографиите кои ги сподели на Instagram, Ноле напиша: „Синоќа, на планина, зимата слета во лето. Прекрасна вечер со семејството и пријателите“.
Документарецот „The Wolf in Winter“, кој ќе биде достапен на Prime Video од 20 август, е режиран од Џејсон Хехир, добитник на награда Еми и режисер на познатиот документарен серијал „The Last Dance“, посветен на Мајкл Џордан и неговата ера во Чикаго Булс.
Филмот носи досега невиден поглед зад сцена на професионалниот и приватниот живот на еден од најуспешните тенисери во историјата. Камерите го следат Новак на најголемите светски турнири, за време на тренинзите и во моменти од неговото секојдневие, но и во друштво на семејството и пријателите.
Документарецот ја прикажува и неговата приказна од детството и патот до светскиот тениски врв, а во него се вклучени и интервјуа со негови големи ривали, меѓу кои и Рафаел Надал.
Светската премиера на филмот неодамна се одржа во Њујорк, каде што присуствуваа голем број познати имиња, меѓу кои Златан Ибрахимовиќ, Мајк Тајсон и Ана Винтур.