• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Шарлиз Терон се отвори за ноќта кога мајка ѝ го уби татко ѝ во самоодбрана

17 декември 2019, 11:46
  • cподели

Шарлиз Терон никогаш не криела дека растеше во нефункционално семејство и дека кога имала само 15 години, била сведок на ужасна трагедија.

Нејзиниот татко, кој бил алкохоличар, насилно влегол во домот и со оружје им се заканувал нејзе и на мајка ѝ Грета. Тој дури и испукал три куршуми, кои за среќа ги избегнале нивните тела.

Шарлиз Терон

Во интервју за NPR, убавата Оскаровка раскажа:

„Татко ми беше многу болен човек. Татко ми беше алкохоличар цел мој живот. Го знаев само на еден начин, а тоа беше како алкохоличар... Тоа беше мошне безизлезна ситуација. Моето семејство беше заглавено во неа... Се разбира дека посакувам да не се случеше тоа што се случи таа ноќ.“

„Кога влезе во куќата со пушка, татко ми беше толку пијан што не би требало да можеше да стои на нозе. Со мајка ми бевеме во спалната соба потпрени на вратата, затоа што тој се обидуваше да ја турне за да влезе. Па двете се потпиравме на вратата однатре за да го спречиме. Тој се врати наназад и пукна низ вратата трипати. Ниту еден од куршумите не нè погоди, што е чудо. Но, во самоодбрана, таа стави крај на заканата.“

„Ова семејно насилство, насилството од ваков тип кое се случува во семејството, ми е заедничко со многу луѓе. Не се срамам да зборувам за тоа, бидејќи мислам дека колку повеќе зборуваме за овие работи, толку повеќе сфаќаме дека не сме сами во сето тоа.“

Шарлиз Терон

Терон моментално го промовира својот филм „Bombshell“, за кој голема е веројатноста да добие номинација за Оскар.

Tags
Шарлиз Терон

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.