Сања Кужет во колоритен костим за капење на одмор со децата во Дубровник, го прослави 43-тиот роденден
Сања Кужет го прослави својот 43-ти роденден на семејно патување во Хрватска.
Атрактивната водителка на „Ѕвездите на Гранд“ сподели фотографии од одморот во Дубровник со трите деца и сопругот.
Српската ТВ ѕвезда во емотивната роденденска објава откри дека најголемата радост и сила во животот ѝ се нејзините момчиња, како и сопругот кој е нејзина најголема поддршка.
Каде си ти, моја 43-та? 🥳
Досега ништо не ми помина пребрзо.
Беше исполнето со многу нешта и токму онака како што мене ми одговара.
Моите момци не сакаат да се фотографираат. Тоа одамна го прифатив, но и понатаму ги ловам моментите. Нивните моменти. Затоа што тие се мојата сила, мојата најголема радост и она поради кое сè има смисла.
Тука е уште еден маж. Оној кој е мојата најголема поддршка. Оној кој нè држи сите на куп, често тивко и без многу зборови. Мојот столб. Нашиот.
И некаде помеѓу нив четворица, сите наши денови, патувања, смеа, обврски, нови почетоци и малите моменти што успеав да ги уловам…
еве ме, во 43-тата. 🙏🏼🍀
И баш ми е убаво овде, баш. 🤍