• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Санел Кустурица – нов претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка

4 мај 2022, 12:04
  • cподели

На челната позиција на Шпаркасе Банка од 1.5.2022 година застанува Санел Кустурица, досегашен заменик-претседател на Управниот одбор на Банката. Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател на Управниот одбор Глигор Бишев, кој по девет години успешно менаџирање со банката го искористи правото за заминување во пензија. Санел Кустурица е човекот што ќе ја води Банката во следните години и низ идните предизвици, во согласност со Одлуката за негово именување за претседател на Управниот одбор, донесена од Надзорниот одбор на Банката.

Санел Кустурица

Новиот претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје има 23-годишно искуство во банкарскиот сектор, извршувајќи одговорни функции на различни позиции во повеќе банкарски институции на пазарот во Босна и Херцеговина: Микро Ентерпрајз Банка, Прокредит Банка, УниКредит Загребачка Банка, ХВБ-Централ Профит Банка, УниКредит Банка, како и Шпаркасе Банка АД БиХ.

Г. Кустурица од јуни 2009 година е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата и истата година е именуван за претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД БиХ, извршувајќи ја оваа функција до почетокот на 2021 година. Под водство на Санел Кустурица, Шпаркасе Банка АД БиХ со својата активна кредитна политика и силен продажен пристап се позиционираше меѓу најбрзо растечките и најстабилните банки на пазарот во Босна и Херцеговина.

На почетокот на 2021 година Санел Кустурица доаѓа во Македонија на позицијата член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, а веднаш по завршувањето на проектот за интеграција и присоединувањето со Охридска банка се назначува за заменик-претседател на Управниот одбор на Банката, надлежен за активности поврзани со работењето со население, маркетинг и развој на производи.

„Верувам во силата на нашиот извонреден тим и во моќта заедно да ги менуваме работите. Разбирањето на потребите на клиентите и нивното задоволување на најдобар и најефикасен начин продолжува да биде инспирацијата за нашето делување. Преку разновидна понуда на иновативни производи, непосредна комуникација и постојано учество во проектите на заедницата, ќе се трудиме да бидеме различна и модерна банка, прв избор на финансиски партнер за сите потреби на нашите клиенти. Континуираниот развој и фокус кон резултатите, одличната тимска работа, инвестирањето во дигитализација и постојаното усовршување на процесите во Банката, заедно со континуираната, безрезервна поддршка од страна на нашите сопственици, верувам дека се нашите силни адути и успехот ќе биде неизбежен“, вели Санел Кустурица.

Богатото професионално искуство на г. Кустурица е поддржано и од исклучителното формално образование и магистерска диплома од областа на бизнис-администрација и меѓународна економија на Универзитетот во Делавер, Соединетите Американски Држави.

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи над два века постоење на финансискиот пазар во Р Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд.

Tags
Шпаркасе Банка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.