• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Самохрана мајка ги посвои 5-те деца на својата пријателка откако останаа сирачиња

13 јануари 2012, 15:45
  • cподели

Џули Џоунс е неверојатна пријателка којашто останала доследна на својот збор и ги посвоила петте деца на својата најдобра пријателка откако тие останале сирачиња.

Самохраната мајка се согласила да ги посвои трите момчиња и двете девојчиња на Керолајн Аткинс и покрај тоа што веќе има три свои деца и живее во мала куќа.

Џули со петте децаЏули со петте деца

На Керолајн ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот во април 2009 година и ѝ било кажано дека и остануваат 12 месеци живот. За жал, девет месеци по страшната дијагноза, ненадејно починал нејзиниот сопруг.

Болната 45-годишна мајка единствено се плашела што ќе се случи со нејзините деца, па ја прашала Џули дали би сакала да се грижи за нив. Без да се двоуми, Џули прифатила.

Болната Керолајн, Џули и малите децаБолната Керолајн, Џули и малите деца

Кога починала Керолајн, Џули немала многу време за да тагува, затоа што требало да се погрижи за малите деца.

„Добив телефонски повик дека Керолајн е в болница, но додека да стигнам таму, таа почина. Тоа беше најлошиот ден во мојот живот. Најтешко беше да им кажам на децата. На малите им кажав кога ги зедов од училиште тоа попладне. Никогаш нема да го заборавам тоа. Тие ме прашаа дали ќе ги однесам во паркот, па отидовме в парк. Оттогаш сме заедно. Кога се вративме тие беа како мали војничиња. Моите пријатели и семејството дојдоа да ни донесат чаршафи“ – раскажала Џули.

Џули ја задржала својата работа иако мора да се грижи за 8 деца. На почетокот три од момчињата спиеле во шатор во градината за Џули да може да ја преуреди куќата. Трпезаријата ја претворила во спална соба за да може на сите деца да им биде удобно.

Додека многумина ѝ се восхитуваат на храброста на смелата мајка, таа вели дека нејзината постапка е обична и природна. „Керолајн и јас се запознавме на првиот училиштен ден во средно училиште, јас ѝ бев деверуша и кума на повеќето од нејзините деца. Ги сакам децата како да се мои и никогаш нема да дозволам тие да завршат во дом. Ова што го правам е природно и нормално. Тука сум кога им треба мајка, кога им треба љубов и нега. И знам дека Керолајн би го направила истото за мене“ – изјавила Џули за DailyMail.

Tags
стории

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.