• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Само сакам таа да биде подобра ментално“: Синот на Бритни Спирс се отвори за нивните односи, таа јавно му возврати

2 септември 2022, 11:55
  • cподели

Помалиот син на Бритни Спирс за првпат отворено проговори за односите со неговата мајка, за голите фотографии кои таа ги објавуваше на социјалните мрежи, за траумите од детството и за неговите надежи дека еден ден мајка му ментално ќе закрепне и ќе се сретне со нив.

Џејден Федерлајн Џејден Федерлајн

15-годишниот Џејден Федерлајн одлучи да зборува откако во медиумите беше објавено дека тој и неговиот постар брат Престон со месеци не ја виделе мајка си. Двајцата тинејџери живеат со нивниот татко Кевин уште од 2007 година, кога тој го доби старателството над нив.

Џејден Федерлајн Џејден Федерлајн

Во интервјуто за документаристката Дафне Барак, Џејден потенцираше дека нема омраза меѓу него и неговата мајка, но дека ќе треба време и труд за да се поправи нивната нарушена врска.

„Сто проценти сум сигурен дека ова може да се поправи. Само што ќе треба многу време и труд. Само сакам таа да биде подобра ментално. Кога ќе се подобри, навистина сакам да ја видам повторно“ – рекол Џејден.

Обраќајќи ѝ се на Бритни, тој рекол: „Многу те сакам и се надевам само на најдоброто за тебе. Можеби еден ден ќе можеме да седнеме вака и повторно да зборуваме“.

Џејден Федерлајн

Голема врева крена веста дека децата на Бритни не присуствуваа на нејзината свадба со Сем Асгари. Во тој контекст, Џејден изјавил дека ќе било несоодветно да присуствуваат сами со Престон, без остатокот од семејството.

„Во тој период, не беше соодветно време да се појавиме таму. Не велам дека не сум среќен за неа. Навистина сум среќен за нив, но таа не го покани целото семејство, а ако одевме само јас и Престон, не можам да видам како ситуацијата ќе завршеше добро“ – рекол тој.

View this post on Instagram

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Во врска со големата активност на Бритни на социјалните мрежи, за постовите со интимни информации кои таа ги објавува и за разголените фотографии, Џејден признал дека не му е удобно, но дека позасегнат од сето тоа бил Престон, кој бил почувствителен, посрамежлив и поповлечен.

Џејден Федерлајн
View this post on Instagram

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

„Престон не сака камери. Тој ја замоли мајка ми да не ги објавува фотографиите онлајн, но и покрај тоа, таа ги објави. Не помина добро... Социјалните мрежи ѝ помагаат... Ако тоа е она што сака да го прави, тогаш тоа е она што сака да го прави, јас нема да ја мразам поради тоа. Во истото време, таа треба да сфати што е она што ја спречува да си го сака семејството“ – објасни Џејден.

Браќата велат дека имаат Instagram, но дека ретко го користат. Домот е нивно безбедно место во кое ја процесираат траумата низ која поминуваат.

„Јас и Престон сме многу поврзани. Тој секогаш се грижи за мене, а јас за него. Се грижиме двајцата да сме ментално здрави. Чувствувам дека ова е моето безбедно место. Мојот дом. Ги сакам сите тука“ – рекол тој.

Џејден Федерлајн Џејден Федерлајн Џејден Федерлајн Џејден Федерлајн

Џејден застана и во одбрана на таткото на Бритни, кој со години имаше старателство врз неа. „Не ја заслужува омразата која ја добива од медиумите. Го сакам со целото мое срце. Тој само се трудеше да биде татко“ – рекол тој.

За братот и сестрата на Бритни, кои таа честопати ги критикува затоа што не презеле ништо за да ѝ помогнат, Џејден рекол:

„Тие не се лоши луѓе. Знаат низ што поминуваме во моментов. Тие сакаат нашата иднина да биде онаква каква што ние сакаме. Само сакаат да се грижат за нас. Тие се добар дел од нашиот живот и ме научија да се справувам со многу нешта“.

Откако беа објавени делови од интервјуто, Бритни не остана рамнодушна и возврати со порака на Instagram за синовите:

Конечно, на 40-годишна возраст, без никакви ограничувања од она што ми го направи моето семејство... му кажувам на мојот син Џејден дека му ја испраќам целата љубов на овој свет, секој ден, до крајот на мојот живот!!! Мојата љубов кон моите деца нема граници и длабоко ме растажува што знам дека вели дека како мајка не одговорив на неговите очекувања. Можеби ти, драго дете, ќе можеш да ми објасниш зошто нашето семејство би му го направило ова на кого било!

Му помогнав на татко ви кој 15 години немаше работа... Претпоставувам дека ви е полесно кога немате некој покрај вас да проверува дали си ги напишавте домашните работи. Сигурна сум дека стандардите на вашиот татко секој ден да пуши трева придонесуваат во вашиот секојдневен живот на 15 и 16 години да бидете дел од МНОГУ КУЛ ГЕНЕРАЦИЈА! Целосно ја разбирам вашата потреба да живеете со татко ви додека јас ја играв совршената улога 15 години апсолутно за ништо. Среќна сум што имав 4 турнеи, што бев судија во „Х фактор“ и мноогу повеќе... Го правев тоа за вас.

Престон, свесна сум за твојата дарба... Знам дека си учител во мојот живот и драго дете, и јас ти сум учител. Ужасно е што гледам дека татко ти е хипокрит и вели дека медиумите се ужасни, а ве тера да зборувате пред нив за лични работи. Кога само би можеле да паузирате на секунда и да се сетите од каде потекнувате. Се надевам дека можете да се видите во огледало и да запомните... вие сте мои деца и секогаш ќе бидете. Бидејќи Престон не зборуваше, му ја испраќам мојата љубов. Не сакам ништо повеќе од тоа да се видиме лице в лице. Продолжи да свириш пијано... со брат ти сте брилијантни и горда сум што можам да речам дека сте мои.

А за моето ментално здравје, драго мое дете, разбери дека мора да научиш да земаш книга и да прочиташ некоја пред да се осмелиш дури да помислиш на мојот интелект, душичке. Кажи му на татко ти барем да го искоси дворот

Tags
Бритни Спирс
Џејден Федерлајн

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.