Роберт Де Ниро ја прослави премиерата на својата нова комедија во друштво на Тифани Чен. 83-годишниот актер и неговата 47-годишна партнерка се држеа за раце додека позираа пред фоторепортерите на премиерата на „Focker-in-Law“ во Њујорк.
Парот редовно привлекува големо внимание со разликата во возраста, но и со фактот што доби дете кога Де Ниро имаше 79 години.
Тие се запознале во 2015 година на снимањето на „The Intern“, во кој Чен, која се занимава со боречки вештини, глумеше инструкторка по таи чи. За нивната врска почна да се пишува во 2021 година, кога беа фотографирани како се бакнуваат за време на одмор на југот на Франција.
Во април 2023 година ја добија ќерката Џиа Вирџинија, која сега има три години. Џиа е прво дете на Тифани и седмо на Де Ниро.
Од бракот со Дајан Абот, актерот ги има 55-годишната Дрена, која ја посвоил, и 50-годишниот Рафаел. Со поранешната партнерка Туки Смит ги има 31-годишните близнаци Џулијан и Ерин, а со поранешната сопруга Грејс Хајтауер ги има 28-годишниот Елиот и 14-годишната Хелен Грејс.
Во „Focker-in-Law“, четвртиот филм од серијалот што започна со „Meet the Parents“, Де Ниро по 16 години се враќа во улогата на пензионираниот агент на ЦИА Џек Брнс. Во новиот филм, неговиот внук Хенри планира да ја запроси својата девојка Оливија, преговарачка на ФБИ која ја глуми Аријана Гранде. Џек, се разбира, има свои сомнежи околу изборот на внукот.