„Само ЕДНА е нашата хероина Жане“: Снежана со ампутирани нозе заедно со хорот ФРИДА ја помина целта на Авицена трката
Снежана Караџовска е вистинска хероина и доказ дека не постојат пречки за оние со силна волја.
Иако е лице со попреченост со двојна надколена ампутација, таа не дозволи тоа да ја спречи да ја помине целната линија на Авицена женската трка.
Снежана, или како што ја нарекуваат најблиските „Жане“, не беше сама. Покрај неа беа пријателите, поддржувачите и женскиот хор „Фрида“, кои со песна ја следеа низ секој чекор. Со звуците на „O Happy Day“ и пораката „Песната е лек“, Илинденска ечеше од љубов, сила и заедништво.
Преку 3000 жени трчаа на Женската Авицена трка, ама само ЕДНА - нашата хероина Жане ❤️👑 испрати силна и моќна порака - дека не постои пречка која може да ја спречи!
Фридите беа нејзина придружба и силно ечеше "Песната е лек"🎼❤️🎵
За кого?!
За Жанееее🙏❤️
Денеска испративме силна порака и поддршка за сите хероини и херои!
Ја разубавевме и распеавме Илинденска❤️🥰🎼 - напишаа од ФРИДА на Facebook, каде споделија фотографии и видеа.
Снежана доживеа сообраќајна несреќа во Турција пред 10 години, како патник во автобус и ги изгуби двете нозе.
И покрај попреченоста, Жане им пркоси на предизвиците и инспирира многумина со својата смелост.