• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

Сакаш да пишуваш за Фемина? Вработуваме!

30 април 2013, 23:14
  • cподели

Обожаваш да пишуваш? Сакаш да те читаат стотици илјади жени од цела Македонија и убедена си дека можеш да создаваш текстови во кои публиката ќе ужива? Одлично, бидејќи го имаме идеалното работно место за тебе!

Колумнистка

Што бараме?

  • Совршено владеење на македонскиот јазик, неговата граматика и правопис
  • Способност за пишување и уредување на издржани, јасни и квалитетни текстови
  • Способност за самостојно исполнување на дадена задача, т.е. пишување на беспрекорни текстови без помош од уредник
  • Нагласено внимание на детали, силна посветеност и одговорност
  • Одлично познавање на англиски јазик

Работното искуство поврзано со работното место ќе се смета за предност, но не е задолжително.

Што нудиме?

  • Можност да бидеш дел од успешен и професионален тим
  • Пријателска работна атмосфера во нови канцеларии во центарот на градот
  • Редовна плата соодветна на постигнатите резултати

Локација: Битола

Како да кандидираш?

На info@femina.mk (со предмет „Работа“) испрати ни го следново:

  1. CV
  2. Мотивационо писмо
  3. Четири содржини (две статии и две новости) напишани во наш стил. Одушеви нè, бидејќи знаеме да го цениме квалитетот.
    • Темата за секоја статија или новост си ја избираш сама, па покажи се во најдобро светло.
    • Текстовите треба да изгледаат како да се пишувани од нашата редакција, односно совршено да се вклопуваат во сајтот.
    • Текстовите нема да бидат објавени, туку едноставно ќе ни помогнат да разбереме како ќе се справиш како дел од нашиот тим.

Не би можеле да одговориме на секоја порака, за што однапред се извинуваме. Ќе те контактираме доколку сметаме дека веројатно ти си личноста која ја бараме.

Најнови

  • „Не задоволувај се со просечноста“: Перо Антиќ со мотивирачка порака за синот Лука на матурата

    Tue, 06/09/2026 - 10:01
  • Славни гости, розови декорации... Марк Антони и Надја Фереира направија гламурозна забава пред раѓањето на ќеркичката

    Tue, 06/09/2026 - 09:36
  • Бременост

    Чудо во Битола: Жена на 58 години е бремена со тројка благодарение на д-р Таше и „Плодност“

    Tue, 06/09/2026 - 09:01
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.