„Не бројам години, ги бројам лекциите, победите, насмевките“: Лила Филиповска пресреќна го прослави 55-тиот роденден покрај море
Лила Филиповска има за што да се радува.
Атрактивната македонска водителка го прослави 55-тиот роденден во чипкаст фустан, со коктел во рака и во друштво на блиски пријатели, уживајќи во прекрасна атмосфера покрај море.
Покрај фотографиите кои ги сподели на Instagram, таа посочи дека денес не ги брои годините, туку лекциите, победите, насмевките и луѓето коишто вредат. Притоа, не ја криеше љубовта кон животот, ниту благодарноста кон оние кои биле покрај неа и во најубавите, но и во најтешките моменти.
Денес ми е најубавиот ден, денес ми е роденден❤️🥂🎁🎉🎊🎂
И не, нема да пишувам долг пост ( а и нема потреба покрај овакви слики🥂)
Кратко ќе кажам ,денес не бројам години. Ги бројам лекциите, победите, насмевките, луѓето што вредат и што јас сум жената на мојот живот❤️Јас го сакам животот и животот ме сака мене и максимално уживам во него! И дава бог да знаете, треба само да посакате … да посакате со чисто срце ❤️
Во моето срце има место за вас драги пријатели кои сте со мене сите овие години и оние кои ме држеа цврсто за рака кога беше најтешко !!! Да сме живи и здрави и само здравје и љубов ❤️🥂🎁🎉🎂
Ве сака Ваша Лила 🥂