Маја Шупут наполни 47 години.
Хрватската пејачка на Instagram сподели фотографии од лудите прослави два вечери по ред во познати ресторани во Белград. Во кругот на најблиските пријатели, но и на новото момче, Шупут блесна во две впечатливи креации со светки.
За првпат таа се појави со нејзината нова љубов, Емил Тедески Јуниор, син на еден од најпознатите и најбогати бизнисмени во Хрватска, Емил Тедески.
На споделените фотографии на социјалните мрежи, заљубената двојка не ги крие чувствата и си разменува нежности.
Всушност, прославата доаѓа неколку недели по вистинскиот роденден на пејачката. Претходно, таа објави провокативни фотографии на кои по долна облека ги дува свеќичките на роденденската торта.
„И така... повторно се покажа дека годините се само број👑🍾🎉🎊 B day girl 👯🎈“ - напиша таа.
Роденденскиот ден го помина во луксузни ресторани во Лондон, каде замисли желби дувајќи свеќи на уште две торти.
„Каков ден 🥂 Никогаш не сум изела толку торта 🎂🍰🥳🎉🎊 B day girl 🍾- сподели тогаш на објавениот албум со фотографии од патувањето.
Шупут е мајка на 5-годишниот син Блум, кој го има од шестгодишниот брак со поранешниот сопруг Ненад Татаринов со кого се разведе во 2025 година.