• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Сакам Никола да научи дека именденот не е трпеза, туку добрина и почит“: Мими Јовановска за големиот празник Св. Никола

19 декември 2025, 00:00
  • cподели

Св. Никола, како еден од најголемите христијански празници кај нас, е симбол на верата, добрината и заштитата на семејството. Во домови ширум земјата, овој ден се доживува како празник на мирот, сплотеноста и благодарноста. Токму по тој повод, разговараме со Мими Јовановска, пејачка со препознатлива сензибилност и сопруга на музичарот Филип Нуневски од бендот на браќата Нуне. За нивното семејство, Св. Никола има уште подлабока симболика, бидејќи нивното двегодишно синче Никола денес го слави својот именден.

Во искрен и топол разговор за Фемина, Мими зборува за значењето на празникот, за семејните обичаи и за вредностите што сака да му ги пренесе на својот син: традицијата да се живее, а верата да се негува со љубов и почит.

Мими Јованвска и Филип Нуневски со синот Никола

Името Никола не било избрано со список и размислување, туку со чувство што дошло многу природно. Крајниот термин за породување се совпаднал со летниот Св. Никола во мај, датум што Мими го доживеала како знак дека сè си доаѓа на своето место. Кога на тоа се надоврзало и сознанието дека во семејството на Филип токму Св. Никола е семејна слава, одлуката станала уште поцврста.

Денешниот голем ден во нивниот дом започнува мирно. Нема брзање, нема галама, само тивка благодарност и чувство дека празникот носи нешто повеќе од обичај. Домот е подготвен за најблиските, со едноставност што зборува за топлина, а не за раскош. Утрото го носи токму тој мир што, според Мими, е суштината на празникот.

Одењето во црква на Св. Никола за нас е сосема природен дел од празникот. Тоа се моменти на тишина и благодарност и ми е важно Никола да расте со тој однос кон верата и традицијата – раскажува таа.

Посната трпеза, пак, е скромна, но полна со значење. Грав, сарми, риба и домашни посни слатки... јадења што не се само вкус, туку сеќавање и љубов пренесена низ генерации.

Се трудиме трпезата да биде едноставна, но подготвена со многу љубов - додава Мими.

Никола, син на Мими Јовановска и Филип Нуневски
Никола, син на Мими Јованвска и Филип Нуневски

Атмосферата е тивка, со нежна музика, разговори и смеа, без бучава и без потреба од долго славење до доцна:

„Св. Никола го доживуваме како празник на мирот и заедништвото.“

Најважната лекција што Мими како мајка, сака да му ја пренесе на својот син е дека празникот не живее само на масата.

„Најмногу сакам да научи дека празникот не е само трпеза, туку добрина, почит и споделување со другите“ – вели познатата пејачка.

Мими Јовановска и Филип Нуневски со синот Никола
Мими Јовановска со синот Никола

Во време кога многумина стравуваат дека традициите исчезнуваат, таа верува дека тие опстојуваат токму таму каде што не се правило, туку чувство што останува засекогаш:

„За нас традициите не се нешто што се губи, туку нешто што се живее секојдневно. Верувам дека кога детето расте во дом каде што обичаите и верата се природен дел од животот, тие остануваат со него засекогаш. Затоа ми е важно Никола да расте со тие вредности, без присила, туку со љубов и почит.“

Никола, син на Мими Јовановска и Филип Нуневски

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Св. Никола
Мими Јовановска
Филип Нуневски

Најнови

  • Онлајн обука на dm и Матрона

    Речиси 200 учеснички ја следеа онлајн обуката на dm и Матрона за безбедна и здрава дохрана за бебињата

    Tue, 03/03/2026 - 17:10
  • Панче Тошковски

    Тошковски: Има снимка дека сопругот ја удрил Ивана и на денот на трагедијата, многуте пријави за насилство биле повлекувани од жртвата

    Tue, 03/03/2026 - 14:56
  • „Насилството не е приватна работа. Тоа е рана на целото општество. Мора да се каже ДОСТА!": Дац против семејното насилство

    Tue, 03/03/2026 - 13:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.