• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Сакам Ема да има шанса да има деца“: Листата со која маж ѝ предложи брак на девојката која се бори со анорексија

12 август 2016, 09:00
  • cподели

Совршена порака за совршен предлог за брак. Девојка, која се бори со анорексија, се омажи за својот сакан откако тој ја побара за жена со листа со причини зошто таа треба да оздрави.

Ема и Крис

Ема Стокс страдала од нарушување во исхраната и ослабела до 41 килограм. 26-годишната девојка вежбала по 6 часа дневно, а консумирала само мали порции салата, зеленчуци и житарки со млеко, односно помалку од 600 калории дневно.

Ема

Сите блиски на Ема биле премногу загрижени за нејзиното здравје додека таа се „топела“ пред нивните очи. Меѓу нив бил и Крис Веир, кој бил решен да ѝ помогне на саканата Ема. Додека слабата девојка била на добар пат да закрепне, тој ѝ дал совршена мотивација. Крис составил листа со причини зошто таа треба да оздрави и со неа ја побарал за жена.

Ема СтоксЛево: Ема кога била најслаба Десно: Сега со тежина од околу 48 килограми

„Навистина верувам дека листата на Крис помогна да се спасам“ – изјавила Ема.

Ема Ема

Листата на Крис

  1. Сакам Ема да има шанса да има деца. Таа е фантастична учителка! Таа ќе биде неверојатна мајка!
  2. Сакам да ја видам Ема како завршува уште една трка.
  3. Сакам да се искачам на трите највисоки планини со неа.
  4. Сакам таа да биде подобра за да продолжи да им помага на други лица при нивното закрепнување.
  5. Сакам да биде подобра за да ги максимизира нејзините способности како учителка по танцување и да продолжи да биде инспирација за многумина.
  6. Го сакам назад нејзиниот задник!!
  7. Сакам да ја согледа нејзината вистинска убавина – внатрешна и надворешна.
  8. Сакам да биде среќна – да го живее животот, а не само да егзистира.
  9. Сакам да изгледа и да се чувствува одлично на нејзиниот свадбен ден.
  10. Ема Викторија Стокс. Дали ќе се омажиш за мене?

Парот стапи во брак изминатиов понеделник, една и пол година по свршувачката. Ема сега тежи околу 48 килограми и постојано ја зголемува својата тежина.

Ема и Крис Ема и Крис Ема и Крис

„Ми треба уште малку за да ја достигнам мојата идеална тежина, но се чувствувам неверојатно. Многу сум среќна. Искрено посакувам да можам моите сегашни чувства да ги затворам во шишиња и да им ги раздадам на луѓето. Никогаш не сум била посреќна“ – изјавила Ема, која со својот сопруг отпатува на меден месец веднаш по свадбата.

Ема Ема
Tags
анорексија

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.