• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Розов Пикник“ за подигнување на свеста за ракот на дојка

8 октомври 2024, 11:00
  • cподели

Во саботата, во Градскиот парк во Скопје, се одржа настанот „Розов Пикник“, организиран од Здружението „Езра“ и компанијата Медикус Хелп, по повод започнувањето на Светскиот месец посветен на ракот на дојка.

„Жан Митрев Клиника“ беше меѓу многубројни поддржувачи, кои заедно со жени од целата држава се собраа за да го прослават животот, да чекорат во чест на оние кои ја загубија битката и да покажат дека само заедно можеме да направиме промени. Настанот понуди богата програма на активности кои ги вклучија сите генерации.

Посетителите имаа можност да добијат едукативни материјали на информативните штандови, можност да научат основни техники како да направат самопреглед на дојките, и консултации со лимфедема. Од „Жан Митрев Клиника“ беа поделени едукативни флаери со совети и промотивни цени на дијагностички прегледи кои се актуелни во клиниката во месецот на женското здравје.

Розов Пикник Розов Пикник Розов Пикник

Присутните уживаа во музички перформанс на младата пејачка Лара Иванова, пилатес со Кети Фит, и Хип Хоп програма во изведба на студио „Аква“. Покрај тоа, Учествуваа во лотарија со вредни награди и се забавуваа со бројни друштвени игри кои го направија Розовиот Пикник забавен и едукативен за сите поддржувачи. Посебно внимание беше посветено на најмалите со поставување на детско катче, каде децата се забавуваа со разни игри и активности.

Настанот го водеше Ирена Спировска, позната поддржувачка на каузата. Свое емоционално обраќање имаше Маја Трајковиќ, дипломиран професор, магистер и библиотекар, која преку автобиографската книга „Пресек“ ја сподели својата лична борба, покажувајќи дека женственоста и силата се неразделни.

Розов Пикник Розов Пикник Розов Пикник Розов Пикник Розов Пикник

Претседателката на Здружението ЕЗРА ја раскажа својата лична приказна и мисијата на Здружението. „За жал, мојата баба која ми беше како втора мајка го напушти овој свет поради оваа болест. Ја изгубив и мојата драга пријателка, која имаше само 28 години. И мојот дедо беше дијагностициран со рак. Овие загуби ја изградија мојата судбина. Да бидам гласот на пациентите и да се борам за нивните права. За подобро утре, за подобра грижа, за секој живот.” Извршната директорка на ЕЗРА, Лиридона Лимани, ја истакна важноста на рана дијагностика, охрабрувајќи ги сите да преземат проактивен пристап кон своето здравје. „Важно е да сме свесни и информирани. Редовните прегледи и самопрегледот се клучни во раната детекција и успешно лекување“.

Во „Жан Митрев Клиника“ актуелни се промотивни цени на дијагностички прегледи. Закажете навреме термин на 02 3091 484.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.