Роналдо со Џорџина и петте деца се врати во Португалија по рајскиот одмор во Саудиска Арабија
Кристијано Роналдо е среќен кога се враќа во својата родна земја. Иако работните ангажмани го принудуваат да живее на различни локации од светот, легендарниот фудбалер најдобро се чувствува кога е дома во Португалија.
41-годишниот спортист сподели фотографија со вереницата Џорџина Родригез и петте нивни деца. „Среќен што сум повторно дома со семејството“ – напиша тој.
Славното семејство претходно уживаше на рајски одмор во Саудиска Арабија, каде Роналдо веќе неколку години игра за тимот Al-Nassr.