• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Ловец на приказни

Родителите добиваат супермоќи

1 мај 2014, 13:18
  • cподели

Деновиве гледав еден видео клип во кој татко со молскавична брзина се обиде да го спаси своето чедо за да не го прегазат две други мали дечиња, кои не можеа да го контролираат детското возило. Таткото истрча пред дечињата, го зграби своето дете и за секунда ја спречи трагедијата, а тоа го направи со неверојатна брзина, натприродна, воодушевувачка. Љубовта на овој родител кон своето дете му даде сила на супер-херој. Гледајќи ја снимката, знаев дека тоа е од еден од оние моменти кога родителот добива натприродна моќ со која времето и силата не може да се измерат.

Супер-мама

Јас мојот живот можам слободно да го поделам на два периода, тоа е времето пред и периодот по раѓањето на моите деца. Еднаш во мојот живот почувствував дека добив супермоќ, како овој татко кој го спаси своето дете. Тоа беше пред неколку години, кога моето дете беше на возраст од 3 години. Јас и мојов шеќерко тргнавме да одиме кај баба. Го држам за раче и одиме по улицата спокојно и си зборуваме. Во насоката кон која бевме упатени забележав глутница кучиња. Отпрвин кучињава мирно си одеа и беа многу далеку од нас. Но, јас се плашев од такви глутници оти имав лошо искуство со улични песови. Еднаш со моја пријателка од страв се качивме на кровот од еден автомобил. Паметам дека кучињата ја опколија колата и лаеја сѐ додека не слушнаа лаење од друго куче, некаде во далечината. Се сеќавам дека едвај стигнав до дома од што бев потресена. Друг пат, бидејќи сум љубител на кучиња, погалив едно улично куче, а тоа ме касна. Најверојатно беше истрауматизирано од нешто, оти и тие се како нас луѓето, ако некој претходно ги малтретирал, нормално е да се однесуваат со недоверба кон секој нареден.

Но да се вратам на приказнава со син ми. Одиме така и одеднаш кучињава почнаа да лаат, и да се приближуваат кон нас. Детево се стресе. Кога го видов дека се исплаши, како да ми се откачи некоја жица во главата, стравот исчезна, а јас за две секунди се претворив во друг човек. Одеднаш ми дојде сила, имав чувство дека со лав можам да се борам. Одам по улицата оти морам да одам во тој правец, а тие се приближуваат кон мене. Чекорам, а во себе си велам „само нека го чепнат, јас ќе ги растргнам со заби“. Лаат и ми се приближуваат, а детево ме стиска од страв. Одам сигурна во себе, звучи лудо, но без никаков страв. За среќа, кучињата само ме душкаа и лаеја, изгледа ми ја намирисаа лудоста и ме одминаа.

Често си мислам на оваа случка, оти силата која во тој момент ми дојде беше зачудувачка, а стравот, мојот најголем непријател, исчезна. Нема човек кому не му се сменил животот по добивање на дете. Мислам дека сите родители добиваат супермоќи со самото раѓање на детето. Тоа е неверојатно чувство. Најверојатно природата ни ги дава тие супермоќи. Кога немав деца, работите кои сега ги правам ми изгледаа како нешто недостижно, нешто што никогаш не можам да го постигнам.

Родителите и животот би го дале за своите деца. Моќта најверојатно доаѓа кога ќе се победи стравот. Во моментите кога мислиш дека смртта не те плаши, стануваш помоќен и тогаш си подготвен да се бориш до последен здив.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.