• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Роденден на Елена Лука, визионерката што ги поместува границите во модата и градежништвото: Инспирација за генерации

11 март 2026, 17:30
  • cподели
Елена Лука

Во светот каде вистинската моќ, визија и храброст се реткост, една жена секогаш се издвојува. Елена Лука, ултимативна дива, неповторлива, незаменлива…

Жена која ретко се раѓа, чие име е синоним за успех, инспирација и бескомпромисна енергија.
Повеќе од две децении, Елена е лидер во модата и градежништвото. Како основач и генерален менаџер на ELENA LUKA GROUP, таа креира брилијантни идеи и сигурна реализација.

Елена Лука

Со модниот бренд ELENA LUKA кој го позиционира и интернационално, носи трендови и ги обликува сцените на високата мода. Безброј ревии, безброј награди, врвна изработка и прецизност, врвен квалитет, а дизајните и дезените чекор пред времето… Моден пат кој ретко овде може да го изоди и да опстане, да даде, да инпонира, да создава… да осварува нечии соништа…

Елена Лука
Елена Лука

Истовремено, со ELENA LUKA HOME, создава иновативни и впечатливи решенија во градежништвото, комбинирајќи функционалност со естетика и визионерски дух. Сè е пресметано со математичка прецизност, ефикасност и видливост - сè во служба на оние кои бараат свој дом, а добиваат нешто кое е нераскинлив дел од нивниот живот.

Елена Лука

Нејзината храброст е легендарна, нејзината доверба бесценета. Таа е несопирлива и фуриозна, носи невидлива круна од бел цвет, а секој ден ја докажува својата борбеност и дисциплина.

Кадифена душа и голем хуманитарец- помага на сите, верува силно во Бог и ги инспирира луѓето околу себе.

Елена Лука

Насмевката на Елена, нејзината издржливост и способност да ги комбинира најсложените проекти со леснотија, ја прават вистинска инспирација. Таа е жена што ги менува правилата, го осветлува патот на другите и го обликува светот околу себе со својата визија. И да! Секогаш го потенцира тимот, го мотивира, лидерство и поттик.

На нејзиниот роденден, ја славиме Елена Лука-  неповторлива, моќна, инспиративна.

Елена Лука

Жена која го има она што ретко се сретнува: визија, страст, харизма и срце големо колку светот. Таква жена, едноставно и да нема во Македонија.

Елена Лука- кралица на модата, легенда во градежништвото и симбол на женска сила и инспирација.

Среќен роденден на жената со лавовско срце

Елена Лука
Tags
Елена Лука

Најнови

  • Кајли Џенер

    Кајли Џенер разголена за „Vanity Fair“: Проговори за желбата да има уште деца и врската со Тимоти Шаламе

    Wed, 03/11/2026 - 19:31
  • Елена Лука

    Роденден на Елена Лука, визионерката што ги поместува границите во модата и градежништвото: Инспирација за генерации

    Wed, 03/11/2026 - 17:30
  • Зендаја во невестинско бело и со златна бурма на ревија во Париз по тајната свадба со Том Холанд

    Wed, 03/11/2026 - 13:56
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.