• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Роби Вилијамс се сврши и неговата мајка го потврди тоа

27 ноември 2009, 17:54
  • cподели
Роби Вилијамс и Ајда ФилдРоби Вилијамс ја запроси својата девојка во емисија на радио.

Денес скоро сите списанија и весници ја објавија свршувачката на популарниот Роби Вилијамс со неговата девојка Ајда Филд.

Приказната започнува со гостувањето на Роби во емисија на австралиската радио-станица „2Day FM“. Заедно со него таму била присутна и неговата девојка Ајда Филд.

Кога водителката Џеки Хендерсон му кажала на Роби дека Сиднеј е познат по тоа што многу славни личности токму таму ги запросуваат своите партнери, Роби се свртел кон Филд и ѝ рекол: „Има ли некој за кого сакаш да се омажиш?“.

Потоа го поставил големото прашање: „Ќе се омажиш ли за мене?“.

На ова 30-годишната Филд одговорила: „Да, ќе се омажам за тебе“.

Бидејќи Роби немал прстен, го позајмил прстенот на водителката и го ставил на прстот на својата свршеница.

Малку покасно портпаролот на Роби ја негираше неговата свршувачка: „Навистина го рече тоа, но го направи на шега. Не се свршени.“

И покрај таа изјава, очигледно е дека свршувачката навистина се случила, затоа што тоа го потврди и Џен Вилијамс, мајката на Роби.

Таа, во емисија на BBC Radio Five Live, откри дека нејзиниот син ѝ кажал за своите планови да ја запроси Филд пред една недела и дека веќе имал купено свршенички прстен.

„Отсекогаш сум сакала снаа. Мислам дека ќе се случи во не многу далечна иднина (зборувајќи за нивната свадба), но сега само тоа ќе го кажам.“

„Многу сум возбудена. Многу сум задоволна. Тие се веќе заедно скоро 3 години и време им е. Таа ги има сите особини, кои што тој ги бара во девојка.“

Сепак, не стана јасно дали предлогот за брак на радио бил вистински или Роби судбоносното прашање го поставил на друго место.

Tags
Роби Вилијамс
Ајда Филд

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.