• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Рибата-зајак го крена алармот во Грција откако касна жена во Пефкохори: „Ми остави релативно длабока дупка на глуждот“

30 јуни 2026, 21:50
  • cподели

Медиумите во регионот сè почесто предупредуваат за рибата-зајак (позната и како лагокефалос или риба-балон), инвазивен и исклучително отровен вид кој предизвика тревога кај капачите. Иако приказните за неа звучат како филмско сценарио, реалноста бара да бидеме информирани, особено ако патуваме со деца.

Рибата-зајак веќе не е реткост во плитките води. Највисоки концентрации се забележани околу Крит, во регионот на Атина, како и на популарните острови во Егејското и Јонското Море. За жал, не е поштедена ниту Северна Грција (областа околу Солун), а сè почесто се регистрира и во Јадранското Море.

Нејзиното присуство е забележано и на Халкидики. Во интервју за телевизијата АНТ1, една жена изјавила дека рибата ја каснала за глуждот кратко време откако влегла во морето.

„Бевме на плажа во Пефкохори, Халкидики. Не успеав ни да нурнам, водата ми стигнуваше до колена и почувствував многу силна болка во ногата. Си реков 'нешто ме гризе и не ме пушта', погледнав надолу и видов огромна риба. Знаев како изгледа рибата-зајак затоа што бев информирана. Сфатив дека е тоа, се паничев, почнав да ја тресам ногата за да се откачи од мене, бидејќи ме имаше каснато и не ме пушташе. Веднаш истрчав надвор од плажата, бев во паника и почнав да плачам“ - го опишала таа своето трауматично искуство.

„За среќа, ме касна точно на коската, на глуждот, па затоа не успеа да ми направи голема штета. Ми остави релативно длабока дупка на глуждот“ - додала туристката.

Откако ѝ била укажана прва помош, таа потоа заминала во локалниот Здравствен дом, каде што примила антибиотици и ѝ ја санирале раната.

Тоа што ја прави страшна рибата-зајак се нејзините исклучително силни вилици, кои наликуваат на клун на папагал. Нејзиното каснување може да предизвика длабоки рани, обилно крвавење, па дури и сериозни повреди на прстите.

Самото каснување на рибата не го пренесува нејзиниот смртоносен отров (тетродотоксин) на начинот на кој тоа го прават змиите. Оваа риба е отровна ако се изеде. Сепак, раните од каснувањето се механички многу тешки и исклучително склони кон опасни инфекции со специфични морски бактерии.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by parapolitika.gr (@parapolitika)

Дури и локалните рибари се жалат од присуството на рибата-зајак. „Дојде до степен кога можеби еден ден ќе излеземе на риболов, а потоа следните три дена ќе ги поминеме во крпење на мрежите“ - изјавиле од едно здружение на критски рибари.

Како да останете безбедни?

Не ја допирајте: Ако ја видите во плитка вода или ако рибари ја извлечат на плажа, во никој случај не ја допирајте со голи раце (нејзината кожа и органи се отровни).

Внимавајте во плитките карпести делови: Рибата-зајак сака песочни дна во близина на карпи.

Прва помош: Доколку ве касне, веднаш измијте ја раната со чиста вода и дезинфицирајте ја, па упатете се во најблискиот медицински центар.
 

Најнови

  • Рибата-зајак го крена алармот во Грција откако касна жена во Пефкохори: „Ми остави релативно длабока дупка на глуждот“

    Tue, 06/30/2026 - 21:50
  • „Најубавото девојче на светот“ порасна и се омажи: Тилан Блондо отмена невеста во Париз

    Tue, 06/30/2026 - 20:30
  • Електричен тротинет

    Официјално: Електрични тротинети само над 18 години, нема возење по двајца и брзина до 20 км на час

    Tue, 06/30/2026 - 15:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.