• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

(Р)еволуција во дизајнот: Зошто Seletti е повеќе од само бренд?

10 октомври 2025, 12:18
  • cподели

Чувството кога ќе влезете во нечиј дом и веднаш го забележувате тоа едно парче мебел кое поттикнува дијалог и те претвора во уметник со изразена способност за препознавање на уметнички дела. Постои бренд кој успева да ја втемели уникатна филозофија во дизајнот, нарекувајќи ја (R)Evolution како комбинација на револуција и еволуција. Запознајте се со Seletti, светски италијански бренд што од 1964 година до денес постојано ја менува дефиницијата за тоа што значи уметност во модерна смисла на зборот.

Што значи концептот на (R)Evolution?

Концептот зад (R)Evolution е едноставен, но смел, а целта е да се предизвикаат класичните правила на дизајнот и да се создадат предмети кои освен што се визуелно привлечни, со себе носат приказна и емоција, а не само функција. Наместо мебел кој совршено се вклопува во ентериерот и ја извршува својата цел, Seletti нуди нешто плус. Сите парчиња изгледаат како уметнички дела кои во исто време се практични.

За Stefano Seletti, човекот зад брендот, дизајнот секогаш започнува со интуиција и чувство. Тој бара нешто што пазарот сè уште не го нуди, предмет кој ќе ве изненади и ќе ве насмее, но истовремено ќе има своја функција. Така настануваат нивните познати ламби во форма на животни или скулптури кои можете да користите како маса или стол, предмети кои ве прават да се чувствувате како дел од една мала, авангардна приказна во вашиот дом.

Seletti

Секоја колекција на Seletti е практично, но она што ја прави дополнително интересна е дека на некој начин раскажува приказна и пренесува емоција. Приказна за храброст, за хумор, за детската игра со формата. Затоа нивните парчиња често предизвикуваат дијалог и се заслужено центарот на вниманието во сечиј дом кој поседува барем едно парче мебел во својот дом.

Зошто оваа филозофија е посебна?

  • Револуција затоа што руши бариери и стереотипи и го менува традиционалниот пристап кон дизајнот.
  • Еволуција затоа што со секој нов проект Seletti се движи чекор понатаму, градејќи нешто ново врз основа на претходните идеи, но во сосема нов правец.
  • Ѝ најважното, емоција затоа што предметите не се создадени само за употреба, туку и за да предизвикаат некакво чувство на радост, изненадување, понекогаш и иронија.
Seletti

Повеќе од бренд и има зошто е така...

Токму поради оваа уникатна филозофија, Seletti денес е повеќе од само име во светот на дизајнот. Брендот е симбол на автентичност и смелост, бренд кој ги инспирира оние што сакаат нивниот дом да има карактер и да е одраз на сопствената автентичност.

Со (R)Evolution, Seletti не само што создава мебел и декоративни предмети за уредување на домот, брендот создава култура на живеење во која уметноста и секојдневието се спојуваат во едно – што служи на секој ум кој размислува надвор од границите.

Промо.текст: mk.iqos.com

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.