Ретко му го покажува лицето... Северина на скијање во Австрија со синот Александар кој „повеќепати се обидоа да ѝ го одземат“
Северина ужива во зимската сезона со најважната личност во нејзиниот живот – синот Александар.
53-годишната хрватска пејачка со 13-годишниот тинејџер и пријатели престојуваат во едно од најпознатите одморалишта за зимски спортови, Кицбиел. Северина има изјавено дека во минатото не смеела да го покажува лицето на Александар на социјалните мрежи, но дека сега има негова дозвола за тоа.
Таа гордо сподели фотографии од зимската авантура.
На своите концерти во Загреб и во родниот Сплит на крајот од минатата година, Северина отворено зборуваше за проблемите со кои се има соочувано во борбата за старателство над синот.
„Ние поминавме еден тежок животен пат, но тој сега е со мене, израсна во еден прекрасен тинејџер“ – рече Северина.
„Бев една од ретките мајки во светот која не смееше гордо да објавува фотографии од својот син. За среќа, на крајот ја добив дозволата од најважната личност – моето дете. Дозвола посилна од кој било закон и бирократ. И конечно повторно живееме среќно и убаво“ – напиша таа.

Во Сплит, Северина ја расплака публиката кога ја испеа песната „Rođeno moje“, посветена на синот. Со треперлив глас и солзи во очите, таа ѝ се обрати на публиката со зборовите:
„Сега песна за најважниот маж во мојот живот. Неговото срце чукаше под моето. Повеќепати се обидоа да ми го одземат, но по 12 години борба - мојот син живее со мене.“