• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Речиси 200 учеснички ја следеа онлајн обуката на dm и Матрона за безбедна и здрава дохрана за бебињата

3 март 2026, 17:10
  • cподели
Онлајн обука на dm и Матрона

Втора година по ред, dm во соработка со Матрона продолжува со Караванот на мајчинство – иницијатива посветена на поддршка, едукација и инспирација за сите мајки. По успешната измината година, во која беа реализирани 11 обуки онлајн и низ целата земја, Караванот повторно создава топла и охрабрувачка средина – простор каде мајките се чувствуваат разбрани, поддржани и охрабрени да растат заедно со своите деца.

Оваа година, Караванот на мајчинство започна со првата онлајн обука, одржана на 25 февруари, на тема: „Првиот оброк: Правилни чекори за безбедна и здрава дохрана на вашето бебе“. Предавач на обуката беше д-р Марина Поп Лазарова, неонатолог, која со своето стручно знаење и топлина ги водеше учесничките низ сите чувствителни и важни моменти на воведување на цврста храна – од првиот залак, до градењето доверба и сигурност кај мајките.

Речиси 200 учеснички беа дел од оваа онлајн едукација, внимателно следејќи ги препораките за безбедна и здрава дохрана, поставувајќи прашања и споделувајќи лични искуства. Како дополнителна поддршка, за нив беше обезбеден и специјален ваучер за -15% попуст за купување на babylove производите во dm продавниците – мал, но значаен поттик на патот кон грижливо и внимателно мајчинство.

Караванот на мајчинство продолжува низ целата година, со нови теми, корисни совети и уште повеќе моменти на заедништво. Сите мајки и идни родители се охрабруваат да ги следат најавите и да станат дел од ова патување исполнето со љубов, знаење и поддршка! 

Tags
dm
Матрона

Најнови

  • Онлајн обука на dm и Матрона

    Речиси 200 учеснички ја следеа онлајн обуката на dm и Матрона за безбедна и здрава дохрана за бебињата

    Tue, 03/03/2026 - 17:10
  • Панче Тошковски

    Тошковски: Има снимка дека сопругот ја удрил Ивана и на денот на трагедијата, многуте пријави за насилство биле повлекувани од жртвата

    Tue, 03/03/2026 - 14:56
  • „Насилството не е приватна работа. Тоа е рана на целото општество. Мора да се каже ДОСТА!": Дац против семејното насилство

    Tue, 03/03/2026 - 13:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.