Раскошни креации, бајковита прослава, славни гости: Модната блогерка Леони Хана стапи во брак со Александар Галиевски
Леони Хана и Александар Галиевски официјално стапија во брак.
37-годишната модна блогерка, која има речиси 5 милиони следбеници, направи регистрација и бајковита прослава во луксузниот хотел „The Dorchester“, еден од најпрестижните хотели во светот.
Убавата Англичанка шармираше во две креации на нејзиниот голем ден. Првата венчаница од украинскиот бренд Milla Nova, Леони ја надополни со сандали од Aquazzura и раскошен накит од Chopard.
„Најубавиот ден на кој ја славевме нашата љубов опкружени со семејството и пријателите“ – напиша Леони на социјалните мрежи по церемонијата, откривајќи дел од магичната атмосфера на прославата.
Хана подоцна се пресоблече во блескава креација од либанскиот дизајнер Жорж Хобеика.
Го видов овој фустан на ревија за висока мода во Париз и ми изгледаше како модна бајка… А кога моите пријатели Џад и Жорж ја создадоа оваа бела, раскошно украсена верзија специјално за мене како свадбен подарок, тоа беше навистина магично – напиша блогерката.
На свадбата присуствуваа трите убави внуки на принцезата Дијана, како и актерот Ед Вествик со сопругата Ејми Џексон.
Леони и Александар се верија во јуни минатата година на јахта во Портофино.