• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Раскошни цветови на црна основа: Славица Јанкуловска со ефектна креација на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

20 септември 2026, 21:05
  • cподели

Модата на свеченото отворање на „Браќа Манаки“ донесе различни толкувања на вечерната елеганција, а Славица Јанкуловска Цаци се издвои со артистична игра на црна силуета и раскошни цветни форми.

Славица Јанкуловска

Дизајнерката, која студирала на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“, за фестивалската вечер избра долга црна креација со нагласени колкови, која својата експресивност ја доби преку богатата тридимензионална декорација.

Главниот визуелен акцент го создава композиција од волуменозни цветови во нежна жолта нијанса. Поставени асиметрично од горниот дел на креацијата кон половината, цветовите ја разбиваат строгоста на црната основа и внесуваат романтичност во силуетата.

Битолската дама дозволи креацијата да ја има главната улога, без да ја оптоварува со дополнителни модни детали. Црните обувки дискретно ја продолжија издолжената линија, а косата беше собрана во елегантна фризура со меки прамени околу лицето. 

Славица Јанкуловска

На црвениот тепих Јанкуловска беше во придружба на нејзиниот добар пријател и ментор, дизајнерот Никола Ефтимов, за кого вели дека има огромно влијание врз нејзиниот творечки пат.

„Неговата креативност и професионализам се вистинска инспирација“, има потенцирано таа за Ефтимов.

Славица Јанкуловска и Никола Ефтимов
Славица Јанкуловска
Славица Јанкуловска
Славица Јанкуловска и Никола Ефтимов
Славица Јанкуловска и Никола Ефтимов

Фото: Ивона Кочов, Александар Василевски / Femina.mk

Tags
Славица Јанкуловска Цаци

Најнови

  • Славица Јанкуловска

    Раскошни цветови на црна основа: Славица Јанкуловска со ефектна креација на црвениот тепих на „Браќа Манаки“

    Sun, 09/20/2026 - 21:05
  • Зоран и Маја Љутков

    Зоран Љутков со елегантната сопруга Маја на црвениот тепих на „Браќа Манаки“ во Битола

    Sun, 09/20/2026 - 18:07
  • Јана Бурческа

    Смела и модерна: Јана Бурческа со впечатлив стајлинг на „Браќа Манаки“

    Sun, 09/20/2026 - 16:49
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.