Рајска романса: Катарина Ивановска и Стефан Ханџиски уживаат во љубовната идила на Форментера
Откако накратко го посети Мадрид за концертот на Бруно Марс, Катарина Ивановска ги спакува куферите за незаборавно бегство на Форментера.
Убавата манекенка уживаше на шпанскиот остров со својот партнер Стефан Ханџиски.
Катарина сподели дел од нивната тропска бајка со своите следбеници, испраќајќи порака: „Мало парче од моето срце останува тука“.
Низ објективот на нејзините фотографии, можеме да почувствуваме како изгледа вистинската релаксација.