Катарина Ивановска се забавуваше на концерт на Бруно Марс, сподели фотографии од 24-те часа во Мадрид
Катарина Ивановска изминатиот викенд се забавуваше во Мадрид.
Македонската манекенка беше на концерт на Бруно Марс, посети многу знаменитости низ главниот град на Шпанија и уживаше во локалната кујна. Таа сподели дел од атмосферата со своите следбеници на Instagram.
На фотографиите се прикажани прошетки низ Мадрид, гастрономски моменти и кадри од концертот на славниот пејач, кој настапуваше на стадионот „Ријад Ер Метрополитано“ на 10 и 11 јули како дел од својата актуелна турнеја.
„24 часа во Мадрид“ – напиша Катарина во описот.