• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Работилници за врсничко насилство за учениците во Гевгелија во рамки на кампањата на „Макпетрол“

31 октомври 2023, 17:16
  • cподели

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“, ќе ги прошири едукативните активности и во Гевгелија. Учениците од основните училишта во надлежност на оваа општина ќе имаат прилика да се здобијат со знаења за проблемот со врсничкото насилство преку работилници што ќе ги овозможи компанијата, а ќе бидат предводени од психотерапевт со практично искуство на оваа тема. „Макпетрол“ и Општина Гевгелија денес потпишаа меморандум за соработка со цел успешна реализација на овие активности.

Крени глас

„Соочувањето со врсничното насилство е исклучително значајно за секое општество, а клучен иницијален чекор во оваа борба е неговото препознавање. Тоа значи дека, најпрво, треба да се вложи значително повеќе внимание и енергија во кревање свест во јавноста дека се работи за широко распространет проблем којшто не би смеел да се прикрива, туку напротив, за него мора да се води суштински разговор. Убедени сме дека во сето ова едукацијата е од пресудно значење, а лицата кои што се обучени и кои што имаат практично искуство со случаи на булинг се најсоодветните за да ги пренесат знаењата поврзани со оваа тема. Преку комуникациските активности од нашата кампања, всушност, сакаме да го зголемиме интересот на јавноста за проблемот со врсничкото насилство, а со работилниците имаме за цел и во пракса да понудиме пристап за директна работа со децата, но и со просветните работници и секако, со родителите“ - вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управниот одбор и директор во „Макпетрол“.

Освен преку работилниците, учениците подобро ќе се запознаат со проблемот со булингот и преку едукативен материјал којшто, исто така, ќе биде наменет и за нивните родители. Во самите работилници, пак, покрај децата и наставниците, ќе бидат вклучени и членови стручните служби во училиштата од општина Гевгелија. Знаењата што ќе бидат пренесени во текот на овие активности потоа ќе можат да се применуваат и во тековната настава.

Крени глас

„Врсничкото насилство е појава што постои навистина долго време, но се чини дека изминативе години, со развојот на дигиталните технологии и на комуникациските алатки, нејзиниот замав е значително зголемен. Притоа, не е во прашање само сајбер-булингот, децата и учениците и надвор од интернет-просторот, односно во реалноста, се изненадувачки груби едни со други. Во текот на работилниците разговараме за повеќе аспекти на врсничкото насилство, за начините како тоа им влијае не само на жртвите, туку и на сторителите и на набљудувачите. Преку директен разговор и размена на ставови со децата, се обидуваме да ја пренесеме пораката дека булингот остава сериозни, долгорочни, последици кои што не се забораваат, напротив, тие остануваат како белег и во понатамошниот тек од животот“ - вели Деспина Стојановска, системски и семеен психотерапевт.

Вебсајтот kreniglas.mk е централен сегмент на кампањата„Крени глас против врсничкото насилство“. Интернет-страницата има за цел да пренесе знаења на сите што можат да придонесат во изнаоѓањето пристапи и решенија на проблемот со булингот, а тоа се децата, родителите и наставниците. Освен тоа, жртвите, но и сите кои на каков било начин се соочиле со врсничкото насилство можат анонимно да ја споделат личната приказна или, пак, преку интерактивен квиз да откријат какви познавања имаат на темата.

Едукативната кампања „Крени глас против врсничкото насилство“се реализира во рамки на една од стратешките цели на „Макпетрол“, а тоа е општествената одговорност. Целта на комуникациските содржини, како и на работилниците овозможени од компанијата, е зголемување на јавниот интерес за проблемот со булингот. Сите општини или образовни институции, кои што ја препознаваат вредноста на овие активности, можат отворено да контактираат со „Макпетрол“ и со заеднички пристап да се изнајдат долгорочни решенија за врсничкото насилство како проблем што има значајно влијание врз развојот на идните генерации.

Tags
Макпетрол

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.