„Макпетрол“ издаде нов прирачник за препознавање и справување со врсничкото насилство, наменет за едукација и поддршка на децата, родителите и наставниот кадар.
Работилниците против врсничко насилство кои компанијата „Макпетрол“ ги организира во рамки на едукативната кампања „Крени глас против врсничкото насилство“ наскоро ќе се одржуваат и во десет основни училишта во скопската општина Карпош.
Единаесет основни училишта од општина Гази Баба и осум од Кисела Вода се вклучуваат во општествено одговорната и едукативна кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“.
Во скопското основно училиште „Димитар Миладинов“ денес се одржа првата од осумте работилници што се резултат на соработката меѓу „Макпетрол“ и Општина Центар во кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“.
Предавања и дискусии на темата булинг ќе се организираат во осумте основни училишта на територијата на Општина Центар во рамки на „Крени глас против врсничкото насилство“, општествено одговорната кампања на „Макпетрол“.