• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Дизелот на „Макпетрол“ ќе се продава за цена три денари пониска од таа објавена од РКЕ

24 март 2026, 16:33
  • cподели
Макпетрол

Дизел-горивото на „Макпетрол“ од вечерва по полноќ ќе се продава по цена пониска за три денари од таа објавена од Регулаторната комисија за енергетика. Компанијата уште од вчера ја спушти цената на дизелот за два денари, а со дополнителното намалување, ова гориво од вечерва ќе се продава за вкупно три денари пониска цена.

По промената, дизел-горивото ќе може да се набави за 92,5 денари за литар.

И дел од другите горива на бензинските станици на „Макпетрол“ веќе се продаваат за цена пониска од два денари од тие објавени од Регулаторната комисија за енергетика.

Горивото Еуросупер БС-95 на „Макпетрол“се продава по цена од 84,5 денари за литар, додека литар Еуросупер БС-98 чини 86,5 денари.

Регулаторната комисија за енергетика вчера ги објави следните цени на горивата: ЕУРОСУПЕР БС-95 - 86,50 (денари/литар); ЕУРОСУПЕР БС-98 - 88,50 (денари/литар);  ЕУРОДИЗЕЛ БС - 95,50 (денари/литар).

Tags
Макпетрол

Најнови

  • Занесна убавица: Турската актерка Ханде Ерчел во златна креација во Кан

    Sun, 05/24/2026 - 21:35
  • Владица Брдаровски го доби второто дете, сопругата Ивана објави семејна фотографија од болница

    Sun, 05/24/2026 - 18:15
  • Кан и ФП Карпошово

    „Кан за првпат патуваше сам без да е залепен за мама“: Ирена Лозана емотивна за првото големо патување на аутистичниот син

    Fri, 05/22/2026 - 19:43
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.