• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Макпетрол“ донира новогодишни подароци за дечињата од куќата „Верна“ во СОС Детско Село

20 декември 2023, 13:41
  • cподели

Децата што со згрижувачко семејство живеат во куќата „Верна“, а чијшто кум е „Макпетрол“, денес добија новогодишни подароци. Во празнично расположение, дечињата беа израдувани со различни содржини со кои што ќе можат да се забавуваат и кои што ќе им помогнат полесно да ги совладаат предизвиците во следната 2024 година.

„Општествената одговорност долги години е стратешка цел на „Макпетрол“ од повеќе причини, меѓу кои во врвот е нашата верба во заедницата и во нејзините членови. До оваа цел се придржуваме и затоа што сме убедени дека помагањето им дава поддршка на тие на кои што им е најпотребна, но и служи како поттик на сите што се вклучени во овие активности на споделување добрина. Празниците најчесто се повод за секој од нас да најде начин како да придонесе нашата заедница да се подобри, а токму тоа е нешто што како компанија го практикуваме во текот на целата година“ - вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управен одбор и директор во „Макпетрол“.

Макпетрол Макпетрол

„Макпетрол“ во април стана нов стратешки партнер на СОС Детско село. Компанијата стана кум на куќата „Верна“во која живеат четири деца и нивните згрижувачки родители. Компанијата годинава ќе донира средства за потребната финансиска поддршка на згрижувачкото семејство. За растот и развојот на четирите деца се грижи брачна двојка со повеќегодишно згрижувачко искуство.

Макпетрол Макпетрол

Активностите на „Макпетрол“ за поддршка на работата на СОС Детско село е дел од платформата за општествена одговорност на компанијата, „Движиме заедно“.

Макпетрол Макпетрол
Tags
Макпетрол

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.