• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Пумпа за измолзување наместо чантичка на Еми: „Не победивме, но не добивме маститис!“

23 септември 2026, 21:03
  • cподели

Тејлор Кокс го имаше најуникатниот моден додаток на овогодишното доделувањето на Еми наградите во Лос Анџелес.

Наместо модерна чантичка, американската сценаристка и копродуцентка на „Only Murders in the Building“ на црвениот тепих продефилира со пумпа за измолзување, украсена со многу светкави камчиња, кристали, циркони и бисери.

Иако си замина дома со празни раце и покрај петте Еми номинации, Тејлор ја задржа смислата за хумор и на социјалните мрежи.

„Не победивме, но не добивме маститис!“ – напиша Кокс, која е мајка на 4-месечно девојче.

Во коментарите, Тејлор сподели дека навистина ја користела пумпата за време на настанот.

Гламурозната  пумпа за рачно измолзување е дело на артистката Нора Кејси, а Кокс ја искомбинира со романтичен фустан со цветен дезен во нежна розова боја.

„Сакав да изгледам шик, а знаев дека ќе биде долга вечер и дека нема шанси да останам и да уживам ако не се измолзам. Па, најдов решение! И мислам дека сите можеме да се согласиме дека нема ништо пошик, поелегантно или покорисно од рачна пумпа украсена со светкави детали“ – изјави посветената мајка за „What to Expect“.

Тејлор ја донесе на свет ќерката Алис во мај оваа година.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Taylor Cox (@imtaylorcox)

Tags
Тејлор Кокс

Најнови

  • Пумпа за измолзување наместо чантичка на Еми: „Не победивме, но не добивме маститис!“

    Wed, 09/23/2026 - 21:03
  • Сергеј Попоски пред Жељко Бебек во љубљанските Крижанке: „Каде и да ме однесе музиката, Македонија секогаш ќе биде со мене“

    Wed, 09/23/2026 - 15:45
  • Lidl ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет

    Wed, 09/23/2026 - 15:41
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.