• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Психологот Стефанија Арсова со моќна порака за насилството: „Не ме малтретира, само правеше да се чувствувам виновна за сè“

27 октомври 2025, 11:35
  • cподели

Во општеството во кое растеме многу често слушаме дека љубовта бара трпение, разбирање и жртвување. Поради тоа, многу жени научија да премолчуваат, да простуваат навреди, да се приспособуваат на студениот тон, да бараат оправдувања за нечие лошо однесување сѐ додека болката не стане секојдневие, а гласот на сопствената вредност сосема не стивне.

Психичкото насилство ретко може веднаш да се препознае, тоа не остава модрици, но остава лузни невидливи за окото и длабоки за душата.

Психологот Стефанија Арсова со моќен текст преку примери од реалниот живот ја подигнува свеста за психичкото насилство и советува тоа да не се оправдува.

Психичко насилство

Еве го нејзиниот пост:

„Не ме малтретира, само правеше да се чувствувам виновна за сè“, вели жена која денес не може да донесе одлука без да побара дозвола од некого.

„Не е насилство, само сакаше да знае каде сум секоја минута, со кого и зошто“, вели девојка која паничи секогаш кога ќе ѝ стигне порака на телефонот.

„Не е манипулатор, едноставно знае како да ми објасни дека грешам“, вели жена која повеќе не верува во сопствената перцепција.

„Не ме контролира, само се грижи за мене“, вели жена која денес се плаши од мир во домот, затоа што научила дека по тишината секогаш следува бура.

„Не ме изолираше, само сакаше да поминуваме повеќе време заедно“, вели девојка која денес нема кому да се јави.

„Не ми ја уништуваше самодовербата, само ме тераше да бидам подобра“, вели жена која не може да се погледне во огледало без критика.

„Не ми велеше дека сум лоша, само дека никој друг не би ме трпел“, вели девојка која останува во токсична врска, колку и да боли.

„Не беше груб, само знаеше да ме стави на мое место“, вели жена која секој пат се извинува кога ќе каже свое мислење.

„Не ме понижува, само ме споредуваше со другите за да се подобрам“, вели жена која не се чувствува доволно добра.

„Не ме игнорираше, само му требаше простор“, вели жена која се навикна да моли за внимание.

„Не e нарцис, само бараше внимание кога не му е денот“, вели жена која секогаш мора да биде добро расположена за да не го „испровоцира“.

„Не ме тераше да се менувам, само ми велеше дека никој нема да ме сака ваква“, вели жена која денес се извинува кога плаче.

„Не беше насилен, само понекогаш зборуваше построго“, вели жена која се тресе секојпат кога некој ќе го подигне тонот.

И така, живееме меѓу нив - тие што „само сакаат најдобро“, тие што „само се грижат“, тие што „само кажуваат како е“.

Манипулацијата не е љубов. Контролата не е грижа. Потценувањето не е мотивација.

Психичкото насилство нема модрици, но има последици што траат многу долго и остава најдлабоки лузни. Да не го негираме и да не го оправдуваме со „таков му е карактерот“.

Психичко насилство

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.