• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Совети за здравјето

Психолог или психијатар? Каде да се обратам?

17 февруари 2025, 02:42
  • cподели

Психолог, психијатар или психотерапевт…? Каде треба да се обратам? Кај кој од овие профили треба да го барам решението за мојот проблем? Што доколку погрешам при изборот?

Овие дилеми се многу чести кога станува збор за третирање на состојбите со психата и проблемите околу неа… Поимите се слични, но во пракса доста различни. Токму поради тоа, тие треба да се објаснат и да се укаже на разликата помеѓу нив со цел правилен и успешен третман на пациентите. Сите овие профили се занимаваат со менталното здравје, но сепак се работи за различни професии, пристапи и методи на работа.

Жан Митрев

Психологот е стручно лице кое завршило универзитетски студии по психологија.

Истиот станува лиценциран психолог по една година стажирање и полагање државен испит во Комора на психолози.

Психотерапевт е стручно лице, најчесто психолог, со постдипломска едукација (специјализација) од најмалку 4 години, во кој период минува низ лична работа на себе и искуствена групна работа. Се остручува за низа психолошки интервенции и техники од различни психотерапевтски правци, кои потоа ги применува при индивидуална или групна работа со пациенти.

Жан Митрев

Психодијагностичар е психолог кој има дополнителна едукација и сертификат за психолошко тестирање на пациенти (односно за задавање, анализа и интерпретација на тестови на личност, тестови на органицитет, неврокогнитивно тестирање, проективни техники итн.). По извршената психодијагностика, психологот изготвува психолошки наод и мислење кој е клучен во диференцијалната дијагноза дадена од психијатар.

Во Клиника Жан Митрев во Кабинет за психијатрија работи доктор специјализиран по психијатрија, а на Одделот за психологија и психотерапија работат здравствени психолози кои се психодијагностичари, Европско сертифициран семеен советник и Европско лиценциран психотерапевт.

Психијатар е доктор кој има завршено студии по општа медицина и специјалистички студии од психијатрија на Медицински факултет. Во својата работа вклучува утврдување на психичката состојба, која може да е резултат на одредено телесно заболување, комбинација на телесно со психичко заболување или чисто психичко заболување.

Психијатриската консултација или психијатрискиот преглед вклучува дијагностицирање на состојбата, психоедукација, психотераписки и / или психофармаколошки пристап во третман на:

  • состојби на психички раст и развој,
  • состојби на стрес и трауми,
  • анксиозно депресивни растројства,
  • депресија,
  • психосоматски растројства,
  • афективни растројства,
  • психотични растројства,
  • болести на зависност,
  • психички растројства во старечка доба,
  • когнитивни нарушувања по повреди, операции или трауми на мозок, други болести на мозок,
  • психички растројства кај лица со ментална ретардација.
Жан Митрев

Утврдување на состојбата се остварува преку разговор со пациентот (понекогаш и од член на фамилија), набљудување, како и со реализирање на одредени дијагностички процедури, како на пр. Психолошко тестирање, Магнетна резонанца или Компјутерска томографија на мозок, Електроенцефалографија.

По утврдување на состојбата се креира индивидуален план за третман, кој може да вклучи лекување со медикаменти, психотерапија ( со разговор ) или двете терапии паралелно или вклучување на доктор од друга специјалност, во зависност од утврдената здравствена состојба.

Во Клиника Жан Митрев работи и доктор специјалист психијатар.

За да закажете, јавете се во контакт центарот на Клиника Жан Митрев на 02/3091-484

Жан Митрев

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.