• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Успеавме“: Хари Кејн ја освои Златната топка и ѝ испрати емотивна порака на сопругата со која се познава од детството

27 октомври 2026, 09:15
  • cподели

Хари Кејн ја освои Златната топка за 2026 година и одржа емотивен говор во кој ѝ се обрати и на саканата која е покрај него уште од детските денови.

Познатиот фудбалер, кој беше капитен на англиската репрезентација и напаѓач на Баерн Минхен, го доби високото признание на свечена церемонија во Лондон. Тој не заборави да ѝ се заблагодари на сопругата Кејти Гудленд за поддршката која му ја дава низ годините.

„На мојата сопруга Кејт, мојата најдобра пријателка. Поминавме низ подеми и падови, секако. Ти си мојата најголема поддршка. Искрено, имав чувство дека ти ја посакуваше оваа награда повеќе и од мене“ – рече Кејн во својот емотивен говор.

Тој се осврна и на неизвесното чекање пред да дознаат дали токму тој ќе биде прогласен за најдобар фудбалер во светот.

„Знам дека неизвесноста беше ужасна за тебе. Еве, успеавме! Секогаш го сакаш најдоброто за мене и се жртвуваш за да ми помогнеш да ги остварам моите соништа. Знам дека тоа се и твои соништа, па ова немаше да биде можно без тебе“ – ѝ порача фудбалерот.

Кејн нагласи дека престижниот трофеј не е само негов успех, туку и победа на целото семејство.

„Ова е трофеј кој го славиме заедно, а не само јас. Ова сме јас и ти, целото семејство и сите наши блиски луѓе. Само сакам да ти се заблагодарам. Те сакам“ – рече тој.

Љубовната приказна на Хари и Кејти започна уште пред светските стадиони, големите трансфери и престижните фудбалски награди. Двајцата се познаваат уште од детството и учеа во истото училиште.

„Одевме во исто училиште, па таа ја следела целата моја кариера“ – рекол тогаш Кејн, додавајќи дека нејзе ѝ било малку необично да се навикне на вниманието од јавноста.

Кејти, која работи како фитнес-професионалец, го познава Хари од времето пред тој да стане една од најголемите ѕвезди во светскиот фудбал. Нивната приказна е посебна токму затоа што таа е дел од неговиот живот уште од периодот кога неговите соништа за голема кариера допрва се граделе.

Парот се венча во 2019 година и има четири деца – Ајви, Вивиен, Луи и Хенри.

Tags
Хари Кејн
Кејти Гудленд

Најнови

  • Соња Михајлова

    Актерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело

    Tue, 10/27/2026 - 10:23
  • 52-годишниот српски актер Вахидин Прелиќ се ожени со 23 години помладата девојка, постар е од нејзините родители

    Tue, 10/27/2026 - 09:38
  • „Успеавме“: Хари Кејн ја освои Златната топка и ѝ испрати емотивна порака на сопругата со која се познава од детството

    Tue, 10/27/2026 - 09:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.