52-годишниот српски актер Вахидин Прелиќ се ожени со 23 години помладата девојка, постар е од нејзините родители
Српскиот актер Вахидин Прелиќ стапи во брак. 52-годишниот српски актер се ожени со 23 години помладата Бојана Радиќ.
Нивната љубовна приказна во изминатите месеци привлече големо внимание во јавноста, пред сè поради значителната разлика во годините, но и поради противењето на семејството на Бојана за нивната врска. Имено, Вахидин е една година постар од татко ѝ и три години постар од мајка ѝ.
За првиот свадбен танц младенците ја избраа песната „Moja poslednja i prva ljubavi“.
На почетокот на нивната врска, семејството на Бојана не било воодушевено од нејзиниот избор, а таа отворено проговори за причините поради кои нивната љубов била тешко прифатена.
„Татко ми не може да разбере како се чувствувам. Нема да ми верувате, но се испоставува дека поголем проблем е тоа што тој не јаде свинско месо и што е муслиман“ - раскажала Бојана, додавајќи дека разбира зошто на луѓето од нејзината околина им е чудно тоа што Вахидин е генерација на нејзините родители.
Сепак, и покрај предизвиците и коментарите од околината, Вахидин и Бојана одлучија да ја крунисаат својата љубов со брак.
Прелиќ ѝ е познат на публиката по улогите во српските серии „Južni vetar“ и „Kalkanski krugovi“. Тој претходно беше оженет со актерката Андријана Симовиќ, со која има и син.