Иван Јованов и неговата избраничка Ивана направија свадбена прослава во Скопје.
Среќниот пар блесна во полн сјај, опкружен со најблиските роднини, пријатели и соработници кои дојдоа заедно да ја прослават нивната љубов.
Атмосферата на големата веселба беше исполнета со многу емоции, насмевки и незаборавни моменти, а социјалните мрежи беа преплавени со снимки и фотографии кои гостите со одушевување ги споделуваа во текот на целата вечер.
За овој специјален ден, Ивана избра венчаница со потписот на нашата позната дизајнерка Кокев, која совршено ѝ прилегаше. Подоцна, за време на највеселиот дел од забавата, Ивана се пресоблече во кратка креација која ѝ овозможи слободно да танцува и да ужива во секој миг од вечерта.