• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Првиот Селфи музеј во нашата земја во Скопје Сити Мол

4 февруари 2022, 15:58
  • cподели

Денес се отвори првиот Селфи музеј во нашата земја во Скопје Сити Мол. Посветен на современата визија на автопортретот и љубителите на социјалните мрежи, Селфи музејот е простор од 250м2 дизајниран со интересен ентериер и 18 различни содржини на кои посетителите ќе може да создаваат уникатни фотографии и видеа за социјални мрежи.

Селфи музејот во Скопје Сити Мол е направен по примерот на Селфи музеите низ светот и нуди содржини пригодни за сите возрасти и различни интереси. Посетителите може да се фотографираат и забавуваат, во друштво или сами со оглед на тоа има поставено триподи за самостојно фотографирање, како и лице задолжено за поддршка на посетителите.

Селфи музеј

„Ги следиме светските трендови и секогаш нудиме незаборавни искуства за посетителите од сите генерации – за шопинг, дружба и забава. Со Селфи музејот, сместен на 1 кат во Скопје Сити Мол им овозможуваме на посетителите да направат сопствени уникатни фотографии за социјални мрежи и да се забавуваат во омилениот трговски центар. И во годината кога Скопје Сити Мол го слави десеттиот роденден остануваме посветени да им обезбедиме на нашите посетители, партнери и пријатели сѐ што им треба на едно место“ - изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Селфи музејот во Скопје Сити Мол е со времен карактер, односно ќе биде отворен до 10 март оваа година, секој ден од 10.00 до 22.00 часот, односно во недела до 20.00 часот. Заради мерки за заштита од Ковид-19 дозволен број на посетители во исто време е 15.

Цената на влезницата е симболична 100 денари, или 360 денари за 4 посетители.

Повеќе информации се достапни на www.skopjecitymall.mk

Tags
Селфи музеј
Скопје Сити Мол

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.